Home Live Преку ден во слатко издание, а навечер стегната во кожно, еве со...

Преку ден во слатко издание, а навечер стегната во кожно, еве со што се слади Елена од „Живот со Стил“

Eлена Најдоски или попозната како Елена „Живот со стил“, е убава жена која својот живот го живее како и насловот на својата емисија, со стил.

Таа ужива во квалитетни модни парчиња, добра храна и добри места каде што си поминува со нејзиниот сопруг со кој се тазе во брак.

„Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам.

Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“, изјави водителката за Женски Магазин.

-Мажот не е супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“, додаде таа.

Елена е сега во среќна врска со Бојан Најдоски со кој често на социјалните мрежи споделува слики.

Само можам да ви кажам, од моето искуство како проект менаџер на „Живот со Стил“, сега за сега, одлично пливам.

Мора да се држат конците во раце за да не се испушти кормилото, па бродот да ти замине во друг правец.

Тешко е, но упорна сум и наоѓам начин за да го остварам зацртаното. Искуството го прави своето, па реагирам на позитивните реакции на публиката, а тоа е најважната награда за мене“, изјави таа во „hybrid.mk“.

-Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во едно интервју.

Сакав сите да ја видат убавината и во содржината и во формата што ја носат познатите ѕвезди, јавни личности и обични луѓе, како на нашата, така и на странската сцена“, изјави Елена во интервју за hybrid.mk a потоа раскажа за своите почетоци.

-Во 2011та беше стартот на првата емисија. Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.

И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, рече Елена.

Таа до скоро не зборуваше за својот љубовен живот, но откако често почна да споделува слики од убавите моменти со својот сакан, јавноста знае дека е во брак со Бојан Најдоски.

Но, Елена многу често покажува дека е добра домаќинка. Таа изненади со слика од дома, пак од својата бања, покрај алиштата за перење.

Ова е првпат да ја видиме Елена во вакво издание, како и секоја домаќинка, кога сите вклучуваат машина, на евтина струја.

Елена Стефановска летово застана на ,,лудиот” камен и го кажа судбоносното ,,да” на нејзиниот долгодишен вереник, Бојан.

Најпрво Елена прослави моминска вечер заедно со своите другарки и тоа го направи на многу магично место, на плажа, во бикини и коктели.

Потоа, Елена на својот профил објави одбројување до денот на свадбата, а нејзините обожаватели едвај чекаа да видат како ќе изгледа водителката.

Елена Стефановска на своето стори сподели мали моменти од својата свадба. Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На свадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната „Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

Eлена отиде со сопругот за Виена, предновогодишно да се прошетаат низ овој магичен град, кој на водителката многу ѝ се допадна, особено како е украсено.

Елена постојано објавува како ужива во добра храна, а повремено објавува и слики со сопругот.

Особено водителката изненади кога објави две слики на кратките приказни на Инстаграм. Едната слика беше преку ден, а на фотографијата изгледаше средена и освежена, како и секогаш, а „аутфитот“ беше многу сладок.

Додека вечерта водителката се опушти и се облече во кожни панталони и чипкана блуза. Во ептен стегнато издание, водителката покажа дека навечер може да изгледа и како дива мачка.

Сепак, покрај целата убава храна, водителката најмногу се задоволува со добро чоколадо, а своите фанови ги праша кое чоколадо да го изеде..

Previous articleПеро Камиказа емотивно се огласи за Аки Рахимовски- ова е најмалку што можевме за него
Next articleСе огласи Влатко Миладиновски и раскажа детали за турнејата низ Австралија