Home Live Се огласи Влатко Миладиновски и раскажа детали за турнејата низ Австралија

Се огласи Влатко Миладиновски и раскажа детали за турнејата низ Австралија

Нашиот познат фолк- пејач Влатко Миладиновски е доста активен на социјалните мрежи и секогаш знае што има нешто интересно да каже или да сподели, било да се работи за неговата работа или за приватниот живот.

Според него музиката е уметност, а не работа. Тој вели дека веќе му недостига дружбата пред се со публиката, но и колегите од македонската естрада.

-Пеењето е наше секојдневие. Јас не милувам да кажам дека тоа ни е работа, бидејќи музиката не може да биде работа, музиката е уметност, но сепак е некој начин на кој што ние функционираме“, изјавил тој во едно интервју за ИН ТВ.

Миладинвоски, потекнува од музичко семејство, а за него неодамна зборуваше неговиот братучед, Дамјан Стојановски, синот на големиот Војо Стојановски.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.

Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци. „Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Објасни дека младите од неговиот, кичевски крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.

По повод роденденот на Војо, на социјалните мрежи се огласи пејачот Влатко Миладиновски, инаку внук на Војо, кој објави видео од нивен заеднички настап, во чиј опис напиша емотивна порака за својот вујко.

„На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук. И тој и Дамјан се семејни луѓе, и двајцата се татковци и среќни во своите бракови.

Влатко, неговиот брат Златко и нивниот братучед Дамјан Стојаноски, беа на турнеја низ Австралија која траела повеќе од еден месец. Според она што често го објавуваа на социјалните мрежи, турнејата поминала успешно.

Нашите музичари посетиле многу градови, испеале многу песни, биле на забави, потоа на гостување во медиуми, добиле дрес од фудбалски клуб и уште многу авантури за кои претодно пишувавме.

Влатко дури беше и кум во Австралија, и тоа по трет пат, како што објави на Фејсбук.

Сега, кога оваа турнеја заврши, Влатко се огласи на Фејсбук со подолг статус, и ги сумираше впечатоците од ова доживување, и детално објасни како се чувствуваат и што се поминале:

– Заврши нашата голема Австралиска турнеја 2022, а ние сме конечно дома!! Во овие 38 дена поминавме мноогу километри и многу долго “бевме во облаците!! Поминавме во скоро сите градови ширум Австралија.

Видовме многу Македонци, нашинци, пријатели познаници и роднини! Одржавме голем број на концерти и се изнапеавме наши македонски песни!!

Ова “Terrific trio” (како што не нарекуваа),составено од Влатко/Дамјан/Златко си замина од Австралија со длабоки траги и спомени и со надеж дека сме оставиле мал белег во Австралија со нашата турнеја!!!

За крај благодарност до друштвото “Никола Карев” за прекрасната организација,гостопримството и доделените плакети за најуспешна турнеја(по втор пат) !! Поздрав и благодарност до сите наши блиски луѓе кои во одредени места беа цело време со нас и покрај нас!!

Бесценета подршка!! Ние продолжуваме понатаму со нашите активности периодов!!! Живи здрави и весели да се гледаме за убави нешта и на убави места!!“, напиша Влатко на Фејсбук.

Previous articleПреку ден во слатко издание, а навечер стегната во кожно, еве со што се слади Елена од „Живот со Стил“
Next articleСо него беше до самиот крај и му pоди пет деца, а потоа го призна и вонбрачниот cин- Оваа убава Италијанка ја сакаше Синиша Михајловиќ