Home Live Татјана Стојановска- пак манекенка, еве како била облечена и зошто сите погледи...

Татјана Стојановска- пак манекенка, еве како била облечена и зошто сите погледи кон неа биле свртени (ВИДЕО)

Секогаш средена, елегантна, жена која држи до себе и ја негува правилната дикција пред ТВ камерите, тоа се нештата по кои ја препознаваме Татјана Стојановска.

Повозрасните ја паметат и како Мис на Македонија за 1992 година и успешен модел, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало од тогаш.

Зад камерите е мајка е на Матеј кој има веќе 24 години и љубов на Михаил Китаноски со кого е во врска десет години.

Со Тања има муабети за повеќе од едно интервју, а во ова ја откриваме и нејзината помалку позната страна, приватната, напиша Женски магазин во една прилика.

– Моето прво професионално телевизиско појавување беше 1992 година како презентер на најава на програма во МТВ, што беше дел од обуката за младите идни водители и презентери во тоа време во Македонска телевизија.

Покрај обуката што ја имавме за читање, вежбање на дикцијата, интонацијата, правоговорот, однесување пред камера, и појавувањето во живо беше дел од таа обука. Најавата на програма беше еден вид “расадник” на нови ликови кои потоа го најдовме патот во професијата.

Секако дека тремата беше составен дел од првиот настап, но сето тоа со секој нареден настап се надминуваше и се учев како да ја амортизирам и да ја надвладеам тремата.

Во јавноста прво стана популарна како Мис на Македонија во 1992 година, какви спомени носиш од тоа време?- е прашањето кое го добила, и потоа на оваа Татајана одговорила:

– Секако дека тоа е еден од важнитe, но јас би рекла и судбинските моменти во мојот живот. Тој настап и титулата на некој начин ми го трасираа патот во професијата.

Иако не бев свесна во тој момент за тоа, но ете на некој начин моето појавување во телевизиско интервју во МТВ по повод изборот на Мис и добивањето на титулата Мис на Македонија за 1992 беше пресуден за да ја добијам понудата за хонорарен работник во МТВ.

Почнав во најава за програма, потоа водител во утринската на МТВ, „Добро утро Македонијо“, а по три години и понуда за презентер на вести, што во тој момент можеби и не мислев дека ќе ми биде професија цели 28 години до ден денеска.

Затоа велам, се се случуваше без некој мој план, но судбински се случуваат некои работи во животот, па така и ова беше сплет на околности.

Дипломирав на Економскиот факултет и секако паралелно студирајќи и работејќи во телевизија, секогаш мислев дека тоа е една привремена моја професија и дека еден ден ќе работам како економист во банка затоа што завршив на смерот банкарство и финансии, но ете “магијата” на телевизијата надвладеа и останав во оваа професија.

Изборот за Мис секако ми е еден убав спомен, на кој кога се сеќавам денеска и малку ми се подзаборавени некои моменти. Неодамна ја гледав снимката од изборот и се потсетив на тој 6 јули 1992 година. Секако убаво е чувството.

– После изборот како Мис на Македонија учествував на неколку ревии кои се организираа од страна на модното студио во кое членував.

Се направија и неколку поголеми модни ревии во соработка и со други модни студија во тоа време за неколку модни куќи и текстилни фабрики кои беа гиганти во земјава.

Учествував и на модните ревии на саемот за мода „Модест“. Имаше модна сцена во тоа време, многу поразвиена од сега за жал. Но паралелно со тоа започнав и со обуката во МТВ се запишав и на факултет во 1993 и мораше да се определам или за манекенството или за телевизискиот ангажман, паралелно со студиите.

Ја одбрав телевизиската работа секако. Со манекенството се занимавав само година ипол и тоа беше исто така добро искуство и спомен“, рекла Татјана во ова интервју.

Татјана на својот Фејсбук профил објавила интересно видео, во кое е пак манекенка, тоест е во улога на модел и носи фустан и бунда, а според она што може да се заклучи од оваа објава е дека убавата Тања не заборавила како се чекори по модната писта.

И коментарите, а ги има доста се позитивни: Нашата безвременска лепотица, преубава, класика, многу си убава, дама, број еден- се дел од коментарите кои Тања ги доби за ова видео.

Previous articleМими од „Ѕвездите на Гранд“ со зборови од кои се плаче за својот Филип Нуне: Се молам за тебе!
Next articleЗбогум Синиша Михајловиќ – сите во неверување од веста која денес пристигна од Италија