Home Live Вака се славеше на мекици кај градоначалникот на Бутел, Дарко- еве кој...

Вака се славеше на мекици кај градоначалникот на Бутел, Дарко- еве кој се беше на оваа забава, се роди уште еден македонски лав (ФОТО)

Во септември оваа година, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, даде интервју за КУРИР кои со него разговараа за досега сработеното, но и за идните планови за работа насочена кон решавање на проблемите на жителите на Општина Бутел.

– Задоволен сум. Морам да истакнам дека за кусо време успеав да составам квалитетен тим на соработници кои со ништо не се штедат за да дојдат до зададената цел.

Искрената, чесна и посветена работа не доведе до реализација на многу повеќе проекти од планираното, граѓаните на општина Бутел го поздравуваат динамичното темпо на работа што го наметнавме, свесни сме дека со тоа ги поткреваме и очекувањата но секогаш овие две работи оделе заедно.

За една година создаваме повеќе од некои што неможеле ни за цел мандат. Уште на почетокот од мојот мандат конечно почна да се гради новото основно училиште во Визбегово, заради ефикасноста и посветеноста на тимот во урбанизмот деновиве започнуваме со градба на нова детска градинка во Бутел 1.

Спортската инфраструктура ја развиваме можеби најдобро во цела држава, во Бутел и Радишани изградивме две ултра модерни баскет игралишта со лиценцирана подлога од ФИБА.

Во Расадник изградивме игралиште со специјална подлога за мал фудбал, во Љубанци направивме игралиште со високо квалитетна вештачка трева, сите овие терени со свои трибини и ново лед осветлување.

Асфалтиравме дваесетина локални улици за два месеци, тоа не се случило никогаш порано, особено е задоволството кога гледате како народот се радува на првиот асфалт пред капијата, исто времено сте и тажни зошто тоа не се случило до сега.

Заедно со градот Скопје после четириесет години целосно ја реконструиравме улица Скоевска во Радишани во должина од 1800 метри, исто така целосно започнавме да ја реконструираме улица Бутелска, со ова решаваме горлив проблем на граѓаните.

Уште на самиот старт од мојот мандат вложивме тринаесет милиони денари во нови кабинети за информатика, нови смарт табли, реновирање на училници, изградба на нова училишна ограда, нова опрема во градинките.

Специјални смарт табли за предшколска возраст, две нови детски игралишта со мека подлога, направивме неколку нови библиотеки“, изјави Костовски во ова интервју.

Во јануари во 2020 година, тој се ожени со Тамара Костовска и тогаш на Фејсбук напиша:

– Бог ни подари можност да ја овековечиме нашата љубов по негови, божји правила!“, напиша тогаш Костовски, а неколку емсеци потоа, му се роди ќеркќка, која неговата сопруга Тамара, ја објавива на социјалните мрежи.

Колегата на Костовски, градоначалникот на Гази Баба, Бојан Стефковски на својот Фејсбук профил објави слика од славењето- мекиците по повод раѓањето на синот на Костовски, кој по ввтор пат стана татко, и на оваа слика, тие се во машко друштво кое е спомнато во описот на сликата:

– Да е жив и здрав Тодор, да биде гордост на тато Дарко Костовски. Се роди уште еден македонски лав. Вечерва на мекици во чест на Тодор заедно со Александар Стојкоски, Бојан Стојаноски, Иван Јорданов и Јохан Тарчуловски “, стои во описот на сликата.

Претходно, и Костовски објавил своја слика со синот и напишал: Се роди Тодор, слава на Господ ! Мама Тамара е супер, поклон за неа и медицинскиот тим“, стои во објавата на Коствски.

Previous articleГрадоначалникот на Гази Баба ја поддржа оваа наша пејачка, се појави на забава кај неа дотеран, со сопругата (ФОТО)
Next articleМими од „Ѕвездите на Гранд“ со зборови од кои се плаче за својот Филип Нуне: Се молам за тебе!