Home Live Вики Миха, ќерката на Синиша ги расплака сите, ова е последната слика...

Вики Миха, ќерката на Синиша ги расплака сите, ова е последната слика од татко ѝ во болница (ФОТО)

Поранешниот српски фудбалер и селектор Синиша Михајловиќ се упокои вчера, на 53-годишна возраст по долга бор ба со леукемијата, потврди неговото семејство.

„Синиша секогаш ќе биде со нас. Ќе ја носиме љубовта што ни ја даваше цел живот“, велат од семејството.

Поранешниот фудбалер на Црвена Sвезда се борел со леуке мија од јули, 2019 година. Во еден момент состојбата му била подобра, па се вратил на тренерската работа во Болоња, но болеста повторно се вратила.

Синиша Михајловиќ е роден 1969 година во Вуковар, а кариерата ја започна во Борово.

Во летото 1988 година доаѓа во Војводина како еден од најталентираните играчи од Југославија. Веднаш стана стандарден првотимец, а Војводина со него во тимот ја освои титулата државен првак на која чекаше долги 23 години.

Во декември 1990 година се „пресели“ во Црвена Sвезда, во еден од најголемите трансфери во историјата на домашниот фудбал.

Таму го чекаа сега легендите на клубот Дејан Савиќевиќ, Стеван Стојановиќ, Владимир Југовиќ, Дарко Панчев, Рефик Шабанаџовиќ, Роберт Просинечки, Миодраг Белодедиќ… Заедно ги покорија Европа и светот.

Навивачите на Црвена Sвезда се сеќаваат на неговиот гол против Баерн Минхен во полуфиналето на купот на шампионите, како и голот што го постигна во пенал серијата на финалето во Бари, против Олимпик од Марсеј.

Блесна и во Токио на натпреварот од Интерконтиненталниот куп против Чилеанецот.

Во 1994 година заминува во Италија каде остави огромен, неизбришлив белег во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Со Лацио и Интер беше шампион на Италија. Со двата клубови по двапати го освои националниот куп и Суперкупот, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите, како и Суперкупот на УЕФА.

Синиша Михајловиќ настапуваше за младата репрезентација на Југославија со која го освои второто место во Европа во 1990 година.

За најдобрата репрезентација дебитираше во 1991 година и одигра 63 натпревари на кои постигна десет голови.

Учествувал на Светското првенство во Франција во 1998 година и на Европското првенство две години подоцна во Белгија и Холандија.

Играчката кариера ја заврши со проштален натпревар во Нови Сад на 28 мај 2007 година.

Ќе остане запаметен како голем шампион, играч на „златната левица“, како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.

Тој и Џузепе Сињори се единствените играчи во историјата на Серија А кои постигнале три голови на еден натпревар од слободен удар.

Синиша Михајловиќ го држи рекордот, заедно со Андреа Пирло, по бројот на постигнати голови во Серија А од слободен удар (28). Михајловиќ стана почесен граѓанин на Болоња во 2019 година.

По завршувањето на кариерата се посвети на тренерската работа, како помошник тренер освои две титули со Интер, а потоа самостојно раководеше со Катанија, Фиорентина, Болоња (двапати), Сампдорија, Милан, Торино. Беше и селектор на српската репрезентација.

Михајловиќ ги остави сопругата Аријана и петте деца, Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас.

Викторија, ќерката на Синиша Михајловиќ, кој се упокои вчера, се појави во јавноста и проговори по упокојувањето на нејзиниот татко.

За Вики ова е доста тежок период, а нејзината објава на Инстаграм профилот ги растревожи многумина.

Таа на социјалните мрежи остави порака која ги крши и најтврдите срца.

„Слегов, ти ја подадов раката, барем милион чекори и сега кога те нема, има празнина на секој чекор.

Сепак, нашето долго патување беше кратко. Моето сè уште трае и повеќе не ми требаат случајности, резерви, замки, подбивања од оние кои веруваат дека реалноста е она што го гледате.

Слегов по милион скали, подавајќи ти ја раката, мислејќи дека со четири очи можеби ќе можеш да видиш повеќе. Ги симнав со тебе затоа што знаев дека од нас единствените вистински зеници, иако толку слаби, беа твоите.

Ти си целото мое срце, тато, чиста душа, гордоста на мојот живот, мојот херој, мојата ГОЛЕМА љубов“, напиша Викторија на социјалните мрежи.

Оваа порака ја ставила до серија слики од Синиша, меѓу кои и таа како го држи за рака во болницата и така го држела до самиот крај.

Previous articleВодителката Јана во бел фустан со шлиц, откри дали ѝ е во план по втор пат да се мажи (ФОТО)
Next articleЕлегантни, а Марина во фустан со шлиц, Алачки и неговата љубов во специјално издание- празник на душата (ФОТО)