Јана Серафимова за кратко време стана препознатливо ТВ-лице. Од 2016 година е дел од македонскиот телевизиски етер, како новинар, водител, а во моментов и автор на емисијата „Ферплеј“ посветена на спортот“; објави Слободен печат во една пеилика.
Јана по професија е дипломиран музичар, иако никогаш немала посериозен ангажман на тоа поле, поради обврските во медиумите кои ги започнала веднаш по дипломирањето, а истовремено и поради љубовта кон телевизиската работа и секојдневие.
Досега беше дел од редакциите за култура и забава, а од септември стана дел од спортска редакција што, како што вели таа, за неа е голем предизвик, голема одговорност, но и задоволство со оглед на тоа што спортот одамна е присутен во нејзиното секојдневие.
– Почетокот на денот и утрото за мене се најубави тогаш кога не морам да станам рано. Дополнително, сè е поубаво кога има сонце, па затоа во зима кога е студено и облачно процесот на будење ми трае долго, мојот аларм ѕвони неколкупати додека конечно да успеам да станам.
Една од најубавите работи во животот е да се будите покрај личноста што најмногу ја сакате и ве сака, па благодарна сум што јас ја имам таа среќа.
Речиси секое утро уживам во утринското кафе, турско, и тоа најчесто го пиеме заедно со мојот Горан.
Во последно време работни обвски имам шест дена во неделата и секој ден ми е исполнет со многу работа и адреналин. Во деновите кога снимам емисии, голем дел од времето го минувам во подготовки на изгледот, шминката, фризурата, облеката, а уште поголем дел за соодветна подготовка на интервјуата и содржините.
Целта ми е секогаш публиката да ужива, да се мотивира и едуцира. Откако сум уредник и водител на спортски вести, искрено уште пред да заминам на работното место почнувам со селектирање на соодветните информации, кои се трудам да бидат креативни и интересни за спортските фанови.
Јана Серафимова, убавата новинарка која е вљубена во спортот и на „Телма“ ја води емисијата „Ферплеј со Јана“, летово направи свадба со својот сакан Горан Петровски.
Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година, и уште лани, Јана за Женски магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки, а големата забава ја планира за на лето.
Најголем дел од денот го поминувам во телевизија.=“, рече Јана во Слободен печат,а откако се омажи за својот Горн, во Женски магазин изјави:
– Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости. Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш” за првиот тац.
А, во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд” не дозволија ни минутка да седнеме, игравме – сите!
Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација. Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТвТелма .“, раскажала Јана.
Нејзин иот брат Никола Серафимов е инаку успешен македонски фудбалски репрезентативец и игра за унгарски „Залаегерцег“.
Се запознавме на „Д фестивал“, работно бевме таму и двајцата. Организаторите на фестивалот дојдоа на свадбата и се смеевме – стројници ни се хаххаа! Другари ни се.
Кај Горан, најмногу го сакам тоа што е добар и чесен, секоаш насмеан, сите го знаат по смешките и по многу добрата смисла за хумор. Креативен е 24/7 да ги смее сите“, рече Јана за својот сопруг.
На Инстаграм профилот на Јана се појави нова слика, на која таа е во бел фустан, со длабок шлиц, долг, лелеав и со откриени рамења, во кој изгледа апсолутно прекрасно.
До оваа слика, Јанаоткри една интересна информација: НЕ ми е во план втор пат да се мажам , ама фустанов остава без здив…. како и сите останати креации на Антонија Ристовска“, откри нашата убава водителка.