Home News Збогум Синиша Михајловиќ – сите во неверување од веста која денес пристигна...

Збогум Синиша Михајловиќ – сите во неверување од веста која денес пристигна од Италија

Синиша Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар, а професионалната фудбалска кариера ја започна во 1988 година во Војводина.

Во декември 1990 година Црвена звезда го купи за милион марки, што беше апсолутен рекорд во југословенскиот фудбал.

Во црвено-белиот дрес повеќе играше во средината, а дури по заминувањето во Рома во летото 1992 година почна да игра на позицијата „лев бек“. Две години подоцна е во Сампдорија, а таму е „либеро“. Следуваше ангажманот во Лацио, а тој ги закачи копачките во Интер.

Во текот на својата кариера, тој освои 16 трофеи: пет титули во лигата, Купот на шампионите, Купот на европските победници на куповите, четири Купови на Италија, Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на Европа и три Суперкупа на Италија.

До денес го држи рекордот во Серија А со 28 постигнати голови од слободен удар. Во Бразил еднаш му ја измериле моќта на ударот и утврдиле дека топката патува со брзина од 165 километри на час.

Синиша Михајловиќ изминатите години се бореше со леукемија, а лани беше објавено дека тој успеал да ја победи болеста.

Се уште се паметат сликите и снимките кога фудбалерите на Болоња, чиј тренер беше, доаѓаа под прозорот на болницата каде беше хоспитализиран и го извикуваа неговото име.

Вчера и денес, медиумите пренесуваа штури информации дека неговата состојба со болеста се влошувала.

Неговиот менаџер и доктор не ја потврдуваа оваа информација, а последна вест беше дека членовите на семејството се повлекле од социјалните мрежи.

За жал. италијанските медиуми предмалку јавија дека Синиша Михајловиќ се упокоил денес, во болница во Италија опкружен со своето семејство.

Вечна слава голем човеку. Македонската публика, особено оние кои навиваа за Црвена Sвезда, вечно ќе те памети.

Previous articleТатјана Стојановска- пак манекенка, еве како била облечена и зошто сите погледи кон неа биле свртени (ВИДЕО)
Next articleОва е последната слика на Синиша Михајловиќ во јавност (ФОТО)