Home Live Арсен Венгер потврди – еве што ќе се случува вечер и утре...

Арсен Венгер потврди – еве што ќе се случува вечер и утре во Катар, во чест на Синиша Михајловиќ

Вчера јавноста ширум Европа и светот, беше потресена од веста за прераното упокојување на некогашниот српски фудбалер, Синиша Михајловиќ.

Легендарниот шутер на слободни удари, кој со Црвена Sвезда освои се што можеше да се освои, по завршувањето на фудбалската кариера, се посвети на тренерската работа.

Тој како помошник тренер освои две титули со Интер, а потоа самостојно раководеше со Катанија, Фиорентина, Болоња (двапати), Сампдорија, Милан, Торино. Беше и селектор на српската репрезентација.

Михајловиќ ги остави сопругата Аријана и петте деца, Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас.

Викторија, ќерката на Синиша Михајловиќ, кој се упокои вчера, се појави во јавноста и проговори по упокојувањето на нејзиниот татко.

За Вики ова е доста тежок период, а нејзината објава на Инстаграм профилот ги растревожи многумина.

Таа на социјалните мрежи остави порака која ги крши и најтврдите срца.

„Слегов, ти ја подадов раката, барем милион чекори и сега кога те нема, има празнина на секој чекор.

Сепак, нашето долго патување беше кратко. Моето сè уште трае и повеќе не ми требаат случајности, резерви, замки, подбивања од оние кои веруваат дека реалноста е она што го гледате.

Слегов по милион скали, подавајќи ти ја раката, мислејќи дека со четири очи можеби ќе можеш да видиш повеќе.

Ги симнав со тебе затоа што знаев дека од нас единствените вистински зеници, иако толку слаби, беа твоите.

Ти си целото мое срце, тато, чиста душа, гордоста на мојот живот, мојот херој, мојата ГОЛЕМА љубов“, напиша Викторија на социјалните мрежи.

Оваа порака ја ставила до серија слики од Синиша, меѓу кои и таа како го држи за рака во болницата и така го држела до самиот крај.

Многумина бараа, а денес стигна потврда дека на светското фудбалско превенство во Катар, ќе му се оддаде почит на големиот фудбалер.

Во финалето на Светското првенство во Катар, меѓу Аргентина и Франција, на почетокот на натпреварот цел стадион ќе молчи една минута во знак на почит и последно збогување со поранешниот српски фудбалер и селектор Синиша Михајловиќ.

Исто така, денес ќе се одржи едноминутно молчење на натпреварот за третото место меѓу Хрватска и Мароко.

Оваа вест ја потврди и Арсен Венгер:

„Да, ќе има едноминутно молчење. Вчера ја добивме веста, сите не ш -окираше, се врати како тренер, ова ни даде надеж, но не можеше да ја добие битката со ракот. Многу тажен момент за фудбалот ,” рече Венгер.

Инаку во Катар, веќе еднаш му се оддаде почит на легендарниот Србин, со едноминутно молчење за прерано упокоениот српски фудбалер пред егзибицискиот натпревар, на кој учествуваа поранешни фудбалски ѕвезди.

Меѓу актерите на натпреварот беа: Марко Матераци, Весли Снајдер, Нуно Гомеш, потоа Кака, Кафу, Гути, но и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Некои од овие големи имиња, како Матераци и Снајдер, излегоа на теренот облечени во дресови со бројот 11 на грбот, кои ги носеше и Миха.

Previous articleПред 1 седмица Синиша беше на нозе, изоде неколку километри и ме натера да си купам телевизор – Емотивна исповед на личната докторка на Михајловиќ
Next articleЦеца си го повреди коленото на Малдиви, додека се спушташе на тобоган и пливаше со ајкули, а сега се скара со ќерка ѝ Анастасија