Home Live Пред 1 седмица Синиша беше на нозе, изоде неколку километри и ме...

Пред 1 седмица Синиша беше на нозе, изоде неколку километри и ме натера да си купам телевизор – Емотивна исповед на личната докторка на Михајловиќ

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ се упокои  по долго и тешко боледување. Популарниот Миха со години се бо реше со тешка форма на леукемија, неколку пати успеа да ја победи, но за жал последните денови состојбата му се влошила.

Погребот на Синиша Михајловиќ ќе се одвива во понеделник во Рим, во базиликата „Santa Maria degli Angeli e dei Martiri“, пренесе „Коријере дело спорт“.

Почетокот на погребот е закажан за 11:00 часот, а се очекува да дојдат огромен број луѓе од целиот свет за да му оддадат почит на фудбалскиот великан.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Рим работи на подготовка на гробното место на гробиштата „Кампидољо“ каде ќе биде погребан славниот фудбалер.

Синиша Михајловиќ се упокои во петокот во болница во Рим.

Со него цело време биле неговото семејство, сопругата Аријана, ќерките Викторија и Вирџинија, синовите Мирослав, Душан и Николас.

Базиликата Света Марија на ангелите и мачениците е титуларната ренесансна црква во Рим, изградена во 16 век, во урнатиот фригидариум на римските бањи на Диоклецијан на плоштадот на Републиката.

Според оригиналниот дизајн на Микеланџело Буонароти.

Претходната седмица, Синиша престојувал во болница во Рим под надзор на д-р Франческа Бонифази, која се грижела за него од почетокот на неговата болест.

Д-р Бонифази, инаку директорка на програмата за трансплантација и на одделот за напредна клеточна терапија во рамките на одделот за хематологија на чело со професорот Микеле Каво во болницата Сант Орсола.

Taa за италијанските медиуми откри како Миха се справувал со оваа болест во последните денови од неговиот живот.

„Никогаш не се плашеше од ст радање и храбро се соочи со болеста. Стра даше многу, но успеа да ја прифати кревкоста што му ја направи болеста“, вели д-р Бонифациј.

„Синиша беше човек кој имаше голема волја за живот и го сакаше животот повеќе од сѐ. Тој беше опкружен со неговите најблиски луѓе.

Сопругата беше покрај него од првиот до последниот момент, секогаш. Адријана беше жената која му даде храброст и која раководеше со семејството во овој тежок период за нив“, откри докторот.

„Беше сакан од сите и покрај тоа што е лик со силна, понекогаш сурова личност. Сепак, тој никогаш не се скарал со никого и сите го сакале. Сите овде зборуваат за тоа со љубов.

Има многу човечка топлина во него, си замина и кај нас остави впечаток за личност способна за голема емпатија“, рекла Франческа и раскажала анегдота за Синиша, кој ја советувал да купи многу скап телевизор.

„Да, така е. И мислам дека поради неговите молби конечно го купив. Телевизор немав дома 8 години. Но, го земав многу поевтино отколку што ми предложи”, се присети докторката кој ги опиша и неговите последни денови во болницата.

„Мораме да кажеме дека трансплантацијата на коскена срцевина е најефективната терапија за искоренување на акутната миелоидна леукемија.

Во овој момент гарантира помала можност за повторување: за жал во овој случај болеста се врати, беше многу агре сивна и отпорна на лекување.

Синиша стана на нозе, иако болеста му се врати. Пред не повеќе од една седмица пешачеше и помина многу километри пешки.

Во секој случај не треба да се генерализира, трансплантацијата сепак е најдобрата терапија.

Ние докторите веруваме дека единствениот начин да ја ублажиме болката што ја чувствуваме кога гледаме како нашите пациенти уми раат е да се обложиме на истражување“, рече Бонифази.

Previous articleОва е вистината приказна за песната „Чаје шукарие“, еве што сакала Есма да порача преку неа
Next articleАрсен Венгер потврди – еве што ќе се случува вечер и утре во Катар, во чест на Синиша Михајловиќ