Home Live Јака шминка, отворено деколте – Сара Мејс ептен се дотера и кажа...

Јака шминка, отворено деколте – Сара Мејс ептен се дотера и кажа дека се заљубила (ФОТО)

Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски објавија дека станаа родители на нивното второ заедничко дете кое се вика Кирил, ова лето.

„Сара за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува- напиша Димитар на една објава.

Сара пак објави стори во кое кажа дека ќе заспие пијана од љубов и среќа и дека нема ништо поубаво од тоа да станеш мајка.

Но, она што паѓа во очи на сликите од ова убаво и среќно семејство е шминката на Сара.

Браво за нашата музичарка што тип топ дотерана во болница, се сликала со својот син и со сопругот и внимавала на секој детаљ.

Сара за Женски Maгазин раскажа како таа и Димитар се запознале и како љубовта им трае до денес, но раскажа и дали има љубомора меѓу нив.

Се запознале многу одамна, кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап во локалот „Штала“.

Потоа, нивната љубов продолжила кога се снимаше шоуто „Танц со Ѕвездите“ каде што и двајцата учествувале. Сара рекла дека се сеќава на секој детаљ кога за првпат ја бакнал Димитар.

„Секој четврток после снимање на епизода „Танц со ѕвездите”, цела екипа од танцот одевме во кафана, во „Крчма”…. И така еден од четвртоците се случи… Излеговме надвор, набожемски ќе зборевме нешто.… “.

Сме имале по еден испад (на љубомора) до сега и двајцата, ама љубовта победи на крајот. Во нашите професии да имаш љубоморен партнер е невозможно…

Или пак ако е така, тогаш сигурно ќе страдате и двајцата“, изјавила пејачката.

Пред да се роди Илина, првата ќерка, Димитар во Женски Магазин изјави:

– Овие девет месеци барем мене ми поминаа како 9 секунди. Искрено, сите на почетокот нѐ плашеа, ова ќе се случува, тоа ќе се случува, ама навистина, девет месеци како песна.

Сара е толку чукната, што на неколку дена пред да се пораѓа, игра ора по свадба и планинари за да види каков поглед ќе има од врвот.

Инаку, генерално, мене ми поминуваа деновите буквално како сите нормални денови претходно, со исклучок на тоа што не возевме мотор само годинава.

Инаку, Сара не беше воопшто трудница што се жали и ѝ е тешко (за моја среќа), па немам некој посебен ангажман. Искрено, јас бременоста нејзина, не ја ни осетив“, вели Димитар.

Неодамна, за жал овој свет го напушти мајката на Димитар Атанасовски, Сузана. Пријателите на социјалните мрежи се простија со неа објавувајќи дека долго се борела со болест.

Пишуваат дека била неверојатно добра жена и многу ќе им недостасува.

Димитар на својот Фејсбук профил објави ск ршено срце и ја споделил објавата на профилот на неговата мајка:

-Почитувани, со тешко срце ве известуваме дека нашата најсакана сопруга, мајка и баба, нашата лавица Сузана, после огромна битка која неуморно до последна секунда ја водеше, денес нѐ напушти.

Сопругата на Димитар, Сара Мејс е исто така многу тажна по загубата на свекрвата и напиша: „Сукле… Ќе ни фалиш многу“

Во Женски Магазин, таа зборуваше за својот сопруг, Димитар Атанасовски кој е познат водител и маркетинг менаџер. Тие се во брак од 2017 година, а нивната ќерка Илина има три години.

-Димитар е „најдобар“ во повеќе категории. Мојата најголема инспирација, љубов и поддршка. Способен и разбран. Умен и убав. Вљубеник во природата и животните. Интересен и забавен.

Независно како и да го поминуваме времето заедно, дали е тоа прошетка со куче, планинарење, возење со мотор, патување, гледање филм или табла на тераса, многу е лесно и прекрасно кога си вљубен во оној кој најмногу те смее!“, рекла Сара, а за Фешнел зборувала за својот имиџ.

– Прво би кажала дека не сум фан на кратки здолништа. Во спротивност на ова, во последно време обожавам да носам облека со висок струк.

Искрено, не сум некој моден фанатик кој ги следи слепо модните трендови, туку повеќе целам кон тоа да си изградам препознатлив стил кој ќе ја одразува мојата личност, како мој идентитет.

Сара во петокот објави слика пред излегување. Можеше да се види дека таа ептен се дотерала во светкав фустан со отворено деколте, а стави и јака шминка, која многу добро ѝ стоеше.

Сара го покажа целокупниот изглед пред огледало, но она што беше впечатливо е дека покрај светкавиот фустан, пејачката се накитила и со прстени, ланче и обетки.

Сара знае да се дотера и секогаш да изгледа уникатно и впечатливо, а за тоа зошто ставила толку накит, проговори и самата на сликата:

-Леле, јас стварно се заљубив…. Никогаш до пред денес не сум паѓала вака на прстени и #јеwels ама ова е врв…

Previous articleЗоран и Никола се закачија во статуси – почна Заев, претходникот остро му врати
Next articleСе слави во домот на Татјана и Новица во Австралија- нека е за многу години (ФОТО)