Home News Зоран и Никола се закачија во статуси – почна Заев, претходникот остро...

Зоран и Никола се закачија во статуси – почна Заев, претходникот остро му врати

По одлуката на Апелација, во врска со Сашо Мијалков, на социјалните мрежи се огласија многумина со реакции на ваквото решение.

Оваа одлука ја прокоментира и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев:

„Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда.

Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.

Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.

Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден.

Прочитајте ги последните колумни на Катерина Блажевска и Љупчо Поповски кои ја одразуваат суштината на проблемот со кој сите сме соочени.“, напиша Заев на својот профил на социјалните мрежи.

На ова не остана должен поранешниот премиер, Никола Груевски:

„Белиот коњ како метафора на ноќна мора! “Првиот знак на човечката глупавост е целосно одсуство на срам”

Зигмунд Фројд, (1856 – 1939) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија

Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен,

му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па ж ртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од ми тото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината.

Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.

За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљ ачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги про гонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против кри мина лот и ко рупци јата.

И сета таа на лудн ича вост ја тераш без трошка срам уште и силно верувајки дека народот во Македонија и насекаде е толку многу глупав , толку многу лесно се лаже, па штом молчи значи дека ти верува дека си чесен и дека се бориш за него.

И по некое време одкога ќе одслужиш и ќе ти кажат “доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ,

те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…

И да завршам со Фројд со кого почнав: “нервозата е неспособност да се поднесе неизвесноста”.

Previous articleЦеца си го повреди коленото на Малдиви, додека се спушташе на тобоган и пливаше со ајкули, а сега се скара со ќерка ѝ Анастасија
Next articleЈака шминка, отворено деколте – Сара Мејс ептен се дотера и кажа дека се заљубила (ФОТО)