Home Live Гавазова ги „збудале“ Македонците со ова што го направи: Запеа со Бананата...

Гавазова ги „збудале“ Македонците со ова што го направи: Запеа со Бананата и Министерот (ВИДЕО)

За Гавазова е познато дека има провокативен имиџ уште од времето кога се појави на нашата естрада, но исто така е познато и дека ја сака и ја негува македонската традиција, што со песна, што во кујна…

Сузана Гавазова и Елена Велевска откога се смирија, одржаа заеднички „онлајн“ концерт за фановите, и бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој концерт паднаа во вода.

А инаку, на настапот во Прилеп и двете се сликале заедно гушнати, а Велевска оваа слика ја објавила на Инстаграм и напишала: „Две македонски диви.“

И Велевска и Гавазова речиси во исто време шернаа слични сториња, но сепак различни. Сузана, гордо го истакна своето деколте, кое прво го откри, па потоа го покри со џемперот, и иако таа јавно ги истакнува своите облини кои мажите ги сакаат, вљубена е само во еден.

Тоа е Јасмин со кој е мажена долги години, и заедно ги имаат ќерките Емили и Селена, кои неодамна пееја на детско фестивалче, и по сѐ изгледа ќе ја наследат мама.

И Велевска за својата ќерка Софија еднаш изјави дека е доста музикална, а таа е мајка на три деца: Софија, Марко и Калија.

Велевска пак, облече фустан со отвори на грбот и на рацете, кој е тесен и досат провокативен, а го облекла на настап во ресторан каде што заиграла и запеала за гостите кои дошле на настапот.

Иако се конкуренција, двете пејачки кажаа дека се доживуваат како пријателки, а и двете се подеднакво атрактивни и убави, а за вкусовите не се расправа, на едните едната им е омилена, на другите другата.

Како ја освојуваш публиката со глас, стас, добар настап, добра песна?- ја прашаа Сузана во едно интервју за „Точка“, а таа рече:

– Најпрвин добра песна, секако тука е и стасот. Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна.

Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала, и сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови.

Од мојата музика би ја издвоила „Свадба весела“, песна која ми донесе голема популарност, исто така „Докторе“, „Лудо лето“…

Потоа, Сузана го искоментира спотот на нејзината колешка Сања Ристеска и темата „Баш ме забол е“, и искоментира дали таа би испеала таква песна.

-Ми биле понудени такви песни и мене, ама не сум ги прифаќала. Не можам да дадам коментар за Сања и песната, од причина што таа ми е добра колешка и си живееме.

Гавазова во повеќе наврати покажа дека е супер домаќинка, па на Инста стори редовно покажува како готви полнети пиперки, чорби, пити и уште многу традиционални и модерни јадења, а во овој процес, таа ги вкулучува и ќерките.

Гавазова е вистински доказ дека една жена може да има успешна кариера, а подеднакво да биде добра домаќинка, сопруга и мајка.

Таа на својот Инстаграм профил во една прилика сподели видеа на кои покажа дека лично готви здрава и вкусна храна за своето семејство.

Гавазова на својот Инста профил се пофали со нов проект кој го спремила за своите обожаватели. Гавазова сите ја сакаат бидејќи е секогаш скромна и посветена и на своите фанови секогаш им подготвува добри песни за уживање.

Па така, Гавазова сега спреми компилација од многу песни, по повод новогодишните празници, а целото видео може да го гледате на нејзиниот „јутјуб“ канал. Таа го најави проектот вака:

„Здраво пријатели, здраво мои обожаватели, дозволете ми од мое име и од име на мојот драг колега, Оливер Радовановски, директно од „Пијано“ клубот – Космополитан.

На овој проект секако имаме и гости, а тоа се Тунџаи Шавлев на саксофон и моите драги колеги, едни од најдобрите вокали во Македонија, а тоа се Гоце Петрески, познат како Бананата и Борче Наумовски, познат како Министерот.

Па, драги мои, уживајте, коментирајте и споделувајте“ изјави Гавазова.

Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleЕве кој го замени Душко, Карлеуша го бакна овој маж кој е доста популарен на Балканот (ФОТО)
Next articleД-р Милош Гpубовиќ пред 3 седмици објавил слика со саканата и напишал емотивна поcвета, а Марија, сестрата на Натали ги насолзи очите на сите (ФОТО)