Home Live Стефан Лазаров викна на цел глас: Син ти се мајко ожена, со...

Стефан Лазаров викна на цел глас: Син ти се мајко ожена, со една Македонка…

Момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите, момчето на кое фудбалот му е секогаш на прво место, момчето кое неодамна се впушти во музичките води открива интересни детали од својот живот.

Стефан Лазаров во едно интервју за Хаштаг раскажа за своето детство, училишните денови, кариерата, музиката, но уште неколку прашања.

Фудбалот отсекогаш ми бил прва љубов, а така и ќе остане. Се пронајдов најдобро само поради фактот што живеев за тој спорт.

Заврши поради повреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера.

Одамна имам желба да пробам да бидам дел и од музичкиот свет. Немав таков план, но зошто да не? Во вистински момент се поклопија коцките со Денис Куртовиќ и можам да кажам дека сме супер задоволни од нашата песна „Хола Мамасита“.

Очекувајте многу други песни“, изјави тој во едно постаро интервју.

-Не ми се веруваше дека станав водител. Се снајдов супер и не планирам да застанам тука. Ексклузив ќе постои. Сега почнувам и ново поглавје, а тоа е музиката. Едно сигурно знам, а тоа е дека никогаш нема да се откажам од себеси.

За 10 години посакувам да бидам татко на две дечиња“, рекол стефан во 2019 година, а сега е познат јутјубер, и наскоро ќе се жени.

Пред неколку месеци, се пишуваше дека тој ја побарал за жена, а неговата девојка Марта објави повеќе фотографии со кои им приреди изненадување на нејзините следбеници.

Марта и Стефан се заедно околу 6 години, а според најновите фотографии објавени на нејзиниот профил можеме да видиме дека јутуберот одлучил да ѝ приреди вистинско изненадување додека биле на стадионот Камп Ноу во Барселона.

„Oва е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам“ – рече македонскиот јутубер Стефан Лазаров во едно од видеата во кое говори за романтичното запросување што ѝ го приготвил на неговата девојка Марта во Барселона.

Марта сподели неколку фотографии и видеа и откри дека Стефан ѝ приредил романтично запросување додека заедно биле на фудбалски натпревар, а свадбата ќе им биде ова лето.

Некст тајм сношти одржале концерт во Скопје, во салата Јане Сандански, и било преполно, и на цел глас се пееле преработките на македонските народни, патриотски песни, „Крушево абер пристигна, Налеј, Ја излези Ѓурѓо…

А тука била и секако Слушам кај шумат шумите, која најмногу ја бендисал јутјуберот Стефан Лазаров. Стефан бил во првите редови на овој концерт и на цел глас, колку што го држи грлото запеал: Син ти се мајко ожена, со една Македонка..

Стефан најверојатно се препозна во овие стихови, бидејќи неодамна најави дека ќе се жени со неговата девојка Марта.

А на друго стори, тој ставил: Да живее република Македонија, и се гледа дека овој концрет навистина бил преполн, со доста луѓе кои одлично се забавувале.

Previous articleОва е семејството на Гоце Николовски, синот Сандро на една страна, а сопругата Весна и ќерката Катарина на друга- еве што кажаа за својот непрежален Гоце (ФОТО)
Next articleЕве кој го замени Душко, Карлеуша го бакна овој маж кој е доста популарен на Балканот (ФОТО)