Home Live Лила покажа што прави во сабота навечер – сите ги збуни со...

Лила покажа што прави во сабота навечер – сите ги збуни со оваа фотографија, а еве зошто (ФОТО)

Лила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но еден нејзин статус е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата, а и среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:

– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. Да не ви зависи од никого и од ништо.

Очекувањата нѐ прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што нѐ оптеретува…

Истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….

Секој за себе си знае најдобро, секој знае како му е во сопствената кожа и неговите чевли! Затоа на здравје на сите вас кои животот го живеат на свој начин, кои го прават она што ги чини среќни кои на време сфатиле дека животот започнува тогаш кога ќе сфатиш дека немаш друг“.

Лила Филиповска, која долги години го води квизот „Сѐ или нешто“ на Сител, во една прилика рече дека омилениот дел од работата ѝ е комуникацијата со банкарот, кој сака да го „закачака“, да се надмудрува со него. Уште еден дел кој го сака е комуникацијата со гостите.

Интересно ми е кога луѓе кои имаат голема трема пред камера, се плашат дека ќе се изгубат и дека нема да знаат што да направат, кога ќе застанат до мене, бараат начин јас да им олеснам, да не се почувствуваат сами, бидејќи имаат страв.

Јас со радост им излегувам во пресрет и драго ми е што успевам во тоа.

Важна е и непосредноста, која или ја имаш или не. Не се учи, туку само се надградува со текот на годините“, кажа Лила за Хибрид.

-Тоа на кое јас не можам да влијаам се енергиите на луѓето, што веројатно ја отежнува комуникацијата. После некои снимања се чувствувам истоштено, а после други како да можам да снимам уште 4 нови емисии.

Тоа е до енергијата која секој човек ја емитува и на која не може да се влијае. Сè на сè јас имам една комплексна задача, иако на луѓето тоа не им изгледа така.

Искуството не е пресудно, но е од голема важност и ми помага во секоја ситуација.

Јас бев меѓу првите кои почнаа со тој формат (ток шоу) , поточно прв беше Игор Џамбазов со „Дневна соба”, а потоа јас и Мишко Барзов со „Таму кај што си”. Имавме спонзор и сѐ беше многу професионално одработено.

Голем дел од успехот на емисијата се должеше и на Мишко, кој како градски човек имаше многу познанства, нас ни беа гости сите политичари и останати јавни лица.

Поминавме еден убав период, работевме во време кога имаше експанзија на познати личности од сите сфери.

Така што, тоа е еден проект на кој сме навистина горди. Би се вратила на ток шоута, доколку изгледаат како оние на запад.

Ми се допаѓа стилот на Елен Деџенерис, динамиката на емисијата, гостите доаѓаат по 10 минути и се изгледа неверојатно забавно.

Се доделуваат големи, милионски награди на дневно ниво на луѓе кои имаат вистинска потреба од нив…

Можеби звучи амбициозно, но тоа е еден проект од кој би сакала да бидам дел бидејќи сметам дека можам да го одработам како што треба, рече Лила во една прилика.

За Лила занеме дека редовно вежба и дека внимава што јаде и затоа и изгледа толку добро и фит, а сега таа објави слика која кажува дека очигледно го сменила животнот стил.

Лила објави како ѝ поминува викендот, односно што прави во сабота невечер. Верувале или не, Лила не оди по журки, туку времето си го поминува со добар филм и храна.

Лила си нарачала ќебапи, помфрит и хамбургер и се пофали во каква топла и пријатна атмосфера ѝ поминува вечерта.

Она што многумина ги зачуди е тоа што Лила изгледа на манекенка, а сепак си дозволува да си касне и нешто покалорично. Навистина, браво како ѝ успева и како се одржува во форма.

Previous articleГоца Тржан жестоко по „удри“ на појакиот пол: Мажите кои јадат со отворена уста не би можеле да одбранат една жена
Next articleШеф Марк во друштво на овој наш познат музичар, се опушти во кафана со сопругата (ФОТО)