Home Live Д-р Милош Гpубовиќ пред 3 седмици објавил слика со саканата и напишал...

Д-р Милош Гpубовиќ пред 3 седмици објавил слика со саканата и напишал емотивна поcвета, а Марија, сестрата на Натали ги насолзи очите на сите (ФОТО)

Во петокот, на 81. годишна возраст, се упокои Прим. Д-р Милош Грубовиќ. Тој е роден на 17.02.1941 година во Беране, Црна Гора.

Медицинскиот факултет и специјализацијата по трансфузиологија ги завршил на Медицинскиот факултет во Скопје.

Прим. Д-р Грубовиќ е еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во Република Македонија и основоположник на доброволното, анонимно и бесплатно дарување крв во Република Македонија и горд пример за тоа што значи да се подаде рака и да се спасат животите на илјадници луѓе.

Својата стручност и професионалност ја покажуваше и ја докажа на повеќе полиња, секогаш на најдобар можен начин исполнувајќи ја Хипократовата заклетва.

Учествуваше во голем број хуманитарни акции со различни видови помош секогаш кога можеше и каде што беше потребно.

За неговите заслуги и постигнати резултати од значење на напредокот на државата, д-р Грубовиќ е одликуван е со Орден на труд со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ, а за својот голем хуманизам и значителен допринос во унапредување на здравството и крводарителствотo ја доби “13. Ноемвриска награда” од градот Скопје и “21. јулската награда” на градот Беране, Црна Гора, од каде што потекнуваше.

Тој е добитник и на многу други највисоки државни награди и признанија на териториите на бившата Југославија, Македонија и Црна Гора. Со заминувањето на Прим д-р Милош Р. Грубовиќ, Македонија изгуби еден голем професионалец, хуманист и филантроп.

Доктор Милош Грубовиќ, освен по својата стручност, беше познат и пот тоа што е родител на три прекрасни ќерки.

Mеѓу нив, најпозната кај публиката е Натали Грубовиќ, која со години беше дел од телевизиските проекти поврзани со игри на среќа.

Сестрата на Натали, Радица, пред неколку денови на социјалните мрежи објави за нивната голема семејна загуба.

Се упокоил таткото на семејството Грубовиќ, познатиот доктор Милош.

„Со големо жалење, ги известуваме сите наши драги роднини и пријатели, дека сабајлево го изгубивме нашиот најсакан татко, Прим. Др. Милош Грубовиќ.

Погребот ке се одржи на 17.12.2022 во 14 часот, на гробиштата во Бардовци, а капелата ке биде отворена од 13 часот.

Најмил и најдраг татице, ти благодариме за сѐ, ти беше најдобриот татко, сопруг, дедо, пријател и човек.

Вечно ќе те сакаме и ќе живее твојот спомен во сите нас. Почивај во мир и нека ти е вечна Слава!“, напиша Радица Грубовиќ на социјалните мрежи.

Завчера, помалата сестра на Натали Грубовиќ, Марија објави слика со својот татко и му напиша емотивна порака:

„Те сакам и ќе те сакам засекогаш, татичко мој најмил“. Натали сѐ уште нема ништо објавено во јавноста за татко си.

Сепак на профилот на д-р Милош Грубовиќ може да се види дека тој бил активен, кратко пред неговото заминување.

Всушност, само 3 седмици пред упокојувањето, Милош објавил фотографија со својата сопруга, мајката на Радица, Марија и Натали.

На фотографијата може да се види дека за Милош тоа бил драг спомен и се потсетува на убавите моменти од минатото.

Previous articleГавазова ги „збудале“ Македонците со ова што го направи: Запеа со Бананата и Министерот (ВИДЕО)
Next articleГоца Тржан жестоко по „удри“ на појакиот пол: Мажите кои јадат со отворена уста не би можеле да одбранат една жена