Home Live Ова е семејството на Гоце Николовски, синот Сандро на една страна, а...

Ова е семејството на Гоце Николовски, синот Сандро на една страна, а сопругата Весна и ќерката Катарина на друга- еве што кажаа за својот непрежален Гоце (ФОТО)

Гоце Николовски е познат македонски пејач на народна музика. Познат е по својот голем хит „Бисер балкански“.

Гоце Николовски е роден во 1947 година во Скопје, Македонија. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живееше.

Пред 16 години (16. Дек. 2006) не напушти еден од најубавите гласови кои некогаш пееле на Македонската естрада – Гоце Николовски.

Во негова чест го направив ова видео. Истотака сакам да ве поканам да го посетите и разгледате Јутуб каналот на кој што е објавено ова видео.

На овој канал се објавени сите песни и спотови од Гоце што успеав да ги соберам во последниве 10 години“; беше објавено на 16 декември на Фејсбук страницата Ретро ризница, Македонски медиуми, каде што е споделено видео во чест на Гоце.

Победник е во тогаш популарната емисија ” Максиметар ” и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата ” Рубинси ” , но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка поп-рок група ” Далтони “.

Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна ” Рука од сна “, и денес често може да се чуе на нишките радио станици.

Музичарот кариерата ја започнал на млади години во Ниш, каде што тогаш живеел. „Серенада”, „Приказна за Ангелина“, „Запејте сите ангели“, „Бисера“, „Песна од земја далечна“, се само дел од неговата ризница која ја остави зад себе.

Својата популарност како музичар и пејач во Македонија ја достигнува во 1990 година кога на Фолк Фест Валандово за прва пат ја изведува легендарната македонска песна Бисер Балкански.

Песната ја доби првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од Југославија.

За животот на Гоце, кој заврши тра- гично, откако самиот си пресуди на 58-годишна возраст во 2006 година, јавноста секогаш се интересирала“, објави Фокус неодамна.

Неговата публика пред десет години ја израдува веста дека неговиот син Александар ќе продолжи по неговите стапки и ќе започне да гради музичка кариера.

Најавата за новата надеж на музичката сцена дојде во 2012 година, шест години по загубата на Гоце, кога Александар се претстави пред публиката под името Сандро Николовски, и настапи на Охрид Фест.

Ја отпеа и влезе во финале со песната ,,Што е среќа” за која текстот го напиша Маја Павловска, ќерка на Јован Павловски, кој е автор на текстот за ,,Бисер Балкански”, и со музика и аранжман на Александар Чекреџи.

Неговата појава го привлече вниманието на јавноста, и тогаш младиот Сандро ни изјави дека се надева како публиката ќе го прифати. Откри дека по професија е новинар, живее во Скопје.

Но, порача и дека не сака да зборува за приватниот живот, туку е отворен за разговор за престојната музичка кариера и плановите на тоа поле.

За неговиот татко Гоце, желба на целото семејство било да не се спомнува бол ната тема, и да се испочитува споменот на легендарниот музичар.

Но, иако можеби народот очекуваше уште многу песни од Сандро, тој ненадејно се повлече од јавноста, и по учеството на Охрид Фест, не се појави повеќе на музичката сцена.

Околу тоа каде е денес и со што се занимава, може да се види единствено од објавите и фотографиите на социјалните профили на неговата мајка Весна, бидејќи тој не е активен на социјалните мрежи.

– Тоа што ми е татко Гоце Николовски, секако, значи привилегија, луѓето веднаш посакуваат да ме слушнат, веројатно и да ме споредат, но мене допрва ми претстои кариера“, изјавил тој пред 10 години.

Според она кое таа го објавува, тој многу патува и најверојатно работи на брод. Весна пак, и сестрата на Сандро, Катарина која е подолу на сликата, живеат во Ниш“, напиша Фокус.

Инаку, и сопругата на Гоце, на Фејсбук често се сеќава на својата љубов, и на денот на загубата на гоце, таа напишала: 16 години поминаа од оној тажен декември.

А нашата песна е и понатаму наша. Тоа е љубов, тоа се сака“, стои во објавата. На свиојот татко, емотивно се сетила и Катарина, негивата ќерка која во негова чест објавила:

-16 години. Секој 16 декември ум и-рам. Недостасуваш. Твои сме, Те сакаме“, стои во објавата на Катарина.

Previous articleСе слави во домот на Татјана и Новица во Австралија- нека е за многу години (ФОТО)
Next articleСтефан Лазаров викна на цел глас: Син ти се мајко ожена, со една Македонка…