Home Live Еве кој го замени Душко, Карлеуша го бакна овој маж кој е...

Еве кој го замени Душко, Карлеуша го бакна овој маж кој е доста популарен на Балканот (ФОТО)

Јелена Карлеуша со години наназад е топ тема во српските и во балканските медиуми. Доживувањата на Ј.К ги следи целиот регион, и тоа мошне ревносно.

Во една прилика, Карлеуша успеа да ги интригира и светските медиуми, и сигурно дека на контраверзната пејачка тоа ѝ годи. Таа отсекогаш сакала внимание. Причината е многу интересна.

Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата ста рлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира Јелена Карлеуша.

Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата ста рлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира Јелена Карлеуша.

Имено, вниманието на американската јавност го привлекоа фотографиите на кои Ј.К. позира во комбинации на облека што подоцна на свој начин ги носеше Ким Кардашијан.

Имаше толку многу материјал што секоја помисла дека е само случајност би била луда, напиша српскиот портал Нова.рс.

Американскиот магазин „Неделник“ прв ја објави информацијата дека Ким Кардашијан наводно го украла стајлингот на Јелена Карлеуша, па тоа го сторија и други странски медиуми.

На оваа тема пишуваше и познатото списание „Космополитен“, кој на својот портал објави вест под наслов: „Оваа жена многу личи на Ким Кардашијан, нема да им верувате на своите очи – и тврди дека Ким ја копирала“.

Набргу потоа, магазинот „Elle“ го стори истото, и објави напис во своето онлајн издание, со наслов: „Оваа поп-ѕвезда тврди дека Ким Кардашијан ѝ го украла стилот“.

Тогаш британскиот „Дејли меил“ и посвети на Карлеуша напис со наслов: „Дали е таа крадец?“ Ким Кардашијан е обвинета за кражба на стилот на српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша “.

Потоа следеше порталот „Celebuzz“: „Судете сами: Дали Ким Кардашијан го копираше стилот на оваа српска поп-ѕвезда? Тогаш се појави на виделина дека и големата Бијонсе „ук раде“ идеи од српската дива.

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ пред неколку месеци решија да стават крај на бракот. Оттогаш во медиумите секојдневно се шпекулира за причината за прекинот на љубовната врска и кој придонел за одлуката за ваков потег.

Јелена за тоа ги известила своите следбеници и јавноста на Инстаграм, а Душко воопшто не се огласил во медиумите. Секој продолжил да си го води животот, живеејќи под ист покрив со ќерките Ника и Атина.

Пејачката се посвети на своите настапи, а секој ден ги воодушевува своите следбеници со најновите објави на мрежите, патува со ќерките, подготвува албум и дочек на Нова година во Белград каде ќе настапи во најлудата ноќ.

Душко ја продолжи менаџерската работа во свој стил, често е надвор од Србија, па се чини дека со одлуката да стават точка на бракот дефинитивно запловија во мирно пристаниште.

Медиумите го следат секој нивни чекор, па сите ги интересира дали има нови љубови меѓу поранешните сопружници. Душко го поврзуваа со разни жени, но Јелена до сега не дозволуваше да биде „фатена“.

Имено, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија на која се бакнува во уста со познат човек од Бугарија, кој е познат на целиот Балкан.

Станува збор за бугарсскиот пејач Азиса. Сето ова би било многу необично и човек би помислил на нова љубов, доколку Јелена и тој не биле во пријателски односи и не би настапувале заедно.

Фотографијата сигурно е создадена како најава за нивниот настап, со оглед на тоа што знаеме дека пред неколку години ја снимија заедничката песна „Остављам те“ која стана голем хит.

Previous articleСтефан Лазаров викна на цел глас: Син ти се мајко ожена, со една Македонка…
Next articleГавазова ги „збудале“ Македонците со ова што го направи: Запеа со Бананата и Министерот (ВИДЕО)