Во Македонија и Србија, за денешниот ден се вели дека, кој не слави Свети Никола, оди на гости. Односно, пола држава слави, пола е на гости!
Да, нашиот народ е длабоко религиозен, а од друга страна, верницитем освен традиционалното одење на гости, за Св. Никола и останатите големи празници, одат на пранична литургија во црква и се причестуваат со светите тајни.
Сепак, во денешно време, некои, традиционалните слави ги претвораат во мини свадби, па организираат прослави во ресторани, што секако, не е во склад со црковните типици.
Популарниот лик од социјалните мрежѓи, Божидар Божиновски, објасни како изгледала слава во минатото:
„Именден на времето: – домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме
– немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ, сите комунисти
– теми на расправа: втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција
– пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери “Југометал 90” и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism посебно место имаше за децата
– никој не носеше дрвена лептир машна
– се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој… обично тој шо не знае да пее
Именден сега:
– исти кy рац од пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема
– масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен
– на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска.
Се откриваат сите тајни на Ц ИА, КГ Б, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на ВМРО, СДСМ дур хипикот на маса не речи “Сите се исти”. Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и патријархот и ageism-от
– во зависност на примањата на семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша дугме
– од рецепти се разговара само за рецепти за лекови
– има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала“