Home Live Елена Велевска искрено раскажа што не им дозволува на децата, и како...

Елена Велевска искрено раскажа што не им дозволува на децата, и како се бори за нив

Нашата позмата фолк ѕвезда Елена Велевска, во една прилика изјави дека многумина знаат да кажат дека јас таа е таа која направила рево-луција во фолк музиката кај нас.

-Јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.

Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија“, кажала Елена во интервју за estradaworld.blogspot.com

Овде како да достигнав се, а пак го немаме оној гламур кој доликува за вистинска ѕвезда. Знам дека можам и заслужувам многу повеќе.

Мојата цел е преку песна да се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири соработката на музичкиот пазар.

Ние како Балканци можеме многу,а со песна е многу полесно. Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен“, кажала таа во истиот медиум.

Велевска дала изјава за Женски магази, во која рекла дека се труди да ги воспитува во модерен дух, и секогаш го следи чекорот на времето во сè што прави.

Објаснува дека со поранешниот сопруг секогаш ја гледаат најдобрата страна за нивните деца.

„Јас и тој не сме повеќе во брак. Многу подобро функционираме разведени, можеби тоа било и формулата за да секој биде среќен.

Факт е дека ние имаме три деца и заради нив подобро е да отанеме во добри односи. Сепак има поважни животи од мојот и од неговиот“, кажа пејачката претходно.

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасни ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Елена Велевска во едно постаро интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека нивните три деца Софија, Марко и Калија живеат во Охрид со нивниот татко.

Познатата фолкерка призна дека не живее со своите три деца Софија, Калија и Марко кои ги има од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп. Во Женски магазин, таа рече:

-Како што оди времето, секогаш гледаме да одиме напред, никако да не се вртиме назад, и тоа го применувам и дома со семејството, затоа што животот оди напред. Од минатото можеме само да учиме и да бидеме подобри секое утро“, раскажала Елена.

Исто така, таа рекла дека ѝ е важно да ги заштити децата од било какви коментари кои се појавуваат за неа на социјалните мрежи и во медиумите.

-Никому не му е лесно, но се трудиме. Јас гледам да ги држам што подалеку од читање коментари, без разлика дали се позитивни или негативни, сето тоа е за нивно добро и мислам дека многу не треба да обрнуваме внимание на тоа што се зборува, туку да гледаме на нашите дела.

Делата зборуваат многу, и јас секогаш стојам зад нив, за нивно добро, и секогаш ќе бидам мајка којашто е борец за нив, и со и зад нив,

како поддршка за сето она што ќе го одлучиме заедно“, раскажала Елена.

Previous articleСања Лукаревска објави слика со луѓето на кои им должи сe’ (ФОТО)
Next articleЈубилеен роденден, еве колку години полни денес Билјана Дебарлиева