Home Live Јубилеен роденден, еве колку години полни денес Билјана Дебарлиева

Јубилеен роденден, еве колку години полни денес Билјана Дебарлиева

Навистина речиси три децении, следната година се одбележуваат точно триесет години од нејзиното прво појавување на ТВ. Како бројка звучи многу, ана Билјана Дебарлиева чувството ѝ е како сè да поминало во еден миг.

– Многу емисии, многу проекти, а преку нив присутна во домовите на многу семејства, пред сè, редовни гледачи.

Нивната почит секогаш ми дава мотив плус да го задржам истиот квалитет, дури да бидам и подобра, зашто како велат, годините си го носат искуството, ама уште поголема е одговорноста со секој изминат ден, месец, година.

Човек учи додека е жив и исто толку треба да вложува во себе и во својата професија. Инаку, креативноста ја црпам од секојдневието, потребите и желбите на гледачите.

Поинтересно е кога работите на разновидни содржини, тогаш не ви здосадува ниту вам, ниту на публиката пред малите екрани“, кажа таа во едно интервју за Бети.мк кое беше објавено во март оваа година.

– Се менуваат времињата, се менуваат генерациите, ама, за жал, морам да кажам, не на подобро, барем кога станува збор за негувањето на македонскиот литературен јазик, посебно од страна на јавните личности.

Ние, лицата од медиумите сме тие од кои младите генерации треба да го земат примерот за убаво и правилно говорење. Треба многу да се работи, многу да се чита, да се практикува литературниот говор во секојдневието.

Имав среќа во четирите години од моето средно образование да имам професорка по македонски јазик која толку многу ми ја влеа љубовта кон македонскиот литературен јазик, што беше одлична основа за она што потоа беше моја професионална определба, а ја работам до денес.

Многу е важно прво да сакаш, а потоа и да го зборуваш и да го негуваш литературниот јазик, нешто што, за жал, помладите генерации сè помалку го практикуваат.

Памтам како вчера да беше, збунета, исплашена, несигурна во себе, дали ќе прочитам како што треба.

Се сеќавам дека 100 пати го прочитав текстот претходно и фокусирана само на зборовите и речениците, сум ставила маскара на трепките само на едното око, додека читав во живо еден прамен од косата ми паѓаше на лицето, ама јас не се помрднав, зашто најважно ми беше да прочитам точно, без да згрешам.

Со текот на времето сè станува рутина, па некои такви ситни работи не се ни битни, знаеш како да се справиш со нив во моментот. Во секој случај, остануваат убавите спомени од едни убави времиња за кои секогаш со задоволство зборувам!

Родителите треба да ги научат децата на основните вредности на животот и како велат, да ги изведат на вистинскиот пат.

Денешново време е многу сурово, непредвидливо, со многу опасности, пороци, и родителот секогаш стравува за своето дете.

Но, и родителите треба да учат од децата, јас од моите согледав и научив дека во животот треба да ја користиш секоја можност и прилика што ти е дадена и никогаш да не се откажуваш од целта што треба и сакаш да ја постигнеш.

Да покажеш храброст и одлучност во секоја ситуација, да држиш до својот став, да ја користиш секоја можност и секој миг. Зашто ако во моментот ти се даде шанса, а не ја искористиш, не знаеш дали повторно ќе ја имаш“, рече Билјана во ова интервју.

Таа е мајка на две возрасни деца, Ана и Мики, а нејзин соруг е Јиван, за кој рече дека е авантурист, доста хуман човек кој им помага на луѓето и на животните, и е нејзина голема поддршка.

На Дебарлиева ѝ е денес роденден и пслави јубиелеј, имено таа полни 50 години, а никој не би рекол дека оваа наша вечно млада, убава и шарматна презентерка веќе ја ситни шестата деценија. Секоја чест за Билјана и нека и е среќен јубилејот.

Previous articleЕлена Велевска искрено раскажа што не им дозволува на децата, и како се бори за нив
Next articleМарина и Горан Алачки славеа со посебен повод во ресторан, а еве кој славен пејач им запеа на увце (ФОТО)