Home Live Катарина Ивановска ја покажа мајка си, во млада верзија, иста е како...

Катарина Ивановска ја покажа мајка си, во млада верзија, иста е како манекенката, како близначки да се (ФОТО)

Во едно интервју за НМД.мк, Катарина откри што всушност сакала да биде, пред да се одлучи дека манекенството ќе биде нејзина професија.

Кога завршив средно школо прво што сакав да студирам беше политички науки, но тогаш кариерата ми тргна по нагорна линија и морав да ја искористам шансата која ми се пружи.

И гледано од оваа страна сега никогаш не би се занимавала со политика во Македонија“, рече Катарина а потоа искоментира како ја одржува нејзината линија, и како се грижи за убавината.

-Вежбам секој ден и секој ден различни вежби за да ги разбудам и најмрзливите мускули на телото.

Секојдневно пијам различни витамини за кожа, коса, нокти и нормално избегнувам мрсна храна, богата со лоши калории.

Млечни произоди не јадам и леб и сѐ што содржи бело брашно.

А -крвна група сум и морам да признам дека дури и сум била на диета според крвната група, имав одлични резултати.

Не само диета според крвна група, туку мислам дека сите можни диети за кои сум прочитала сум ги испробала, понекогаш се нарекувам бело глувче.

Јас бев 2 години на „row“ веган диет. Mене лично не ми одговараше, но убаво е кога внатрешните органи ќе ги исчистиш преку здрава и вкусна храна која многу често ја спремав сама.

Дури и сега знам да направам „row“ веган десерт за да не јадам, нели, разни чоколади, колачи и сладолед.

Но, мислам дека за луѓето кои вежбаат редовно, замената за протеини е незаменлива и мора да се јаде месо, јајца или риба.

На прашањето: Катарина, дали понекогаш готвиш и дали би сакала да ни дадеш рецепт од јадењето кое е твој фаворит и со задоволство го подготвуваш- таа за „НМД“ одговорила:

Супа од брокули и карфиол. Добро сварени, со маслиново масло и зачини по желба и свеж ѓумбир. Сето тоа зедно се става во блендер и се блендира.

Ако сакате да е погуста како потаж, тогаш не додавајте многу вода во блендерот. На крајот, во чинијата врз супата додавам семки од тиква и маслиново масло.

Потоа, оваа убава жена која е сега мајка на две деца, Кира и Вања, дала рецепт за десерт, поточно за вкусни и здрави бомбици кои таа ќесто ги подготвива во својата кујна.

– Потребни се непечени бадеми или индиски ореви, урми, мала лажица путер од кокос и mesquite powder . Исто сè се става во блендер се додека не се добие еднолична смеса. На крај се формираат мали топчиња во вид на бомбици и се оставаат во фрижидер да се стегнат.

(Прв пат пишувам рецепт ако може да се нарече така затоа не знам точни мерки, како сите мајстори во кујна, така и јас од око:)“, споделила Катерина за својот омилен десерт.

Ивановска во една прилика го коментираше прашањето за филмот „Трето полувреме“ и дека одлично знае да глуми.

Изјави дека филмот „Трето полувреме“ е за неа едно убаво и големо искуство и раскажа дека никогаш не би пропуштила да отиде на уште некоја аудиција за филм ако ѝ се укаже можност.

За време на пандемијата, Катарина зборуваше и за тоа дека за жал, поради пандемијата со вирусот таа сега не работи и најмногу ужива што е родител, но и вежба тенис и се дружи со пријателите и толку.

Рече дека не е многу строга мајка, но сака ред. „Во девет во кревет е моето мото. Не сите, но им исполнувам желби на децата“.

Катарина пред некое време објави фотографија на која носеше тенка, транспарентна маичка на која изгледаше како манекенката да не носи ништо под неа.

Речиси на сите им е познато колку е згодна нашата манекенка, но ретко кој ја има видено како мало девојче, но и нејзината мајка, со која многу си личат.

Катарина на својот Инстаграм профил објави слика со мајка си, а во описот нашиша дека ова е многу драг спомен за неа.

Previous articleПишек објави слика со згоден маж и рече дека имала дозвола од Видоје да се сликаат, и тоа во костим за капење (ФОТО)
Next articleСара и Димитар покажаа неочекувана фотка -разголени по дома (ФОТО)