Home Live Лила раскажа необична приказна од искуство- Толку расплакани мажи на едно место

Лила раскажа необична приказна од искуство- Толку расплакани мажи на едно место

Лила Филиповска, или Лила Стојановска со долгите години ТВ стаж зад себе, прерасна во голема ѕвезда, а сега веќе е и успешна инфлуенсерка со повеќе од 200 илјади следбеници на Инстаграм.

Секој ден ја гледаме на Сител телевизија како водителка на квизот, кој прерасна во шоу, „Се или нешто“, долги години по ред Лила е во сите домви, секое попладне со квизот во кој таа и банкарот не забавуваат заедно на натпреварувачите.

Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива. На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпатично се пошегува со своите следачи.

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.

По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.

Лила веќе има снимено неколку песни, а сега реши повторно да ѝ се врати на музиката, па минатата година сними дует со младиот пејач Филип Пешевски.

Таа на промоцијата на оваа песна, дуетот со Филип Пешевски, целата блескаше. „Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила и младиот и талентиран пејач Пешевски.

– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариера. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила.

На промоцијата. Лила облекла провокативно фустанче со чипка, а по сторињата се гледа дека како вистинска ѕвезда нејзиниот соработник Спасе ја земал од дома и заедно заминале на промоција.

Лила изгледа совршено, и внимава на исхраната, но и таа знае да си даде оддишка некогаш, па во една прилика објави слики како се слади со сендвич од Мекдоналдс и напиша: Само едно залче.

Но, животот на Лила изгледа дека не секогаш е гламур и сјај. Таа објави еден убав емотивен спомен, сика од стара куќа во скопското село Бунарџик, каде што според коментарите на своите пријатели, таа има порано живеено.

Еден коментар дури вели: Милион пати слушнав приказна дека сте живееле во Бунарџик. Но, никогаш не поверував“. Лила својот спомен од детството го зачини со убава поезија, а тоа е „Везилка“ од Блаже Конески која ја цитираше:

И најмил спомен што в душа ми блеска, се гаси од нив ко цвеќе без боја. Но ти што ловиш звук на чудна песна ти си ја кажа судбината своја“.

Лила на Инста стори напиша една необична приказна која ја раскажа како нејзинот видување и искуство, а во неа се спомнаѕи и мажите. Приказната (размислувањето) на Лила е следново:

-Фудбалски првенства и натпревари треба да има многу почесто. Па, толку радост еуфорија и среќа ништо друго на светот не предизвикува.

Тотална планетарна луднива. И толку расплакани мажи на едно место!!! Плачат сите… едни од тага други од среќа…

Во секој случај најважно е што фудбалот дефинитивно ги усреќува луѓето без разлика на  нација, вера, боја на кожа.

Да живее фудбалот и честитки за новиот светски првак Аргентина !!!

Previous articleМарина и Горан Алачки славеа со посебен повод во ресторан, а еве кој славен пејач им запеа на увце (ФОТО)
Next articleПријовиќ пак заврши на „пластичар“, еве што зголеми овој пат (ФОТО)