Home Live Марина и Горан Алачки славеа со посебен повод во ресторан, а еве...

Марина и Горан Алачки славеа со посебен повод во ресторан, а еве кој славен пејач им запеа на увце (ФОТО)

Марина Дојчиновска остава траен белег во македонското новинарство со својата авторска емисија Македониум, објави НМД.мк во една прилика.

Негувањето на традиционалните вредности и потсетувањето на исконското ни се толку потребни во овие модерни времиња во кои владее законот на посилниот и систематски се бришат и асимилираат историите на помалите народи.

Марина отиде чекор понатаму, ги пронајде нашите предци во едни далечни предели и успеа да ја поврзе историјата, историјата на Македонците која е милениумска.

Сепак, во интервју со Марина, новинарите дознале некои интересни податоци за Хунзите, поврзани со нивната исхрана, начинот на живот и секако, нешто што е сега особено актуелно, благодарение на Марина Дојчиновска, а тоа е Хунза маслото од семки од кајсии:

-Начинот на исрана на Хунзите е многу едноставен. Го јадат она што им го дала мајката природа таа година.

Во текот на летото и есента, тие собираат се што подариле хималајските Богови-како плод, како жито, како зрно или како семка.

Се собираат, дури и лисјата од дрвјата наесен, за да се најде во зима…

Едноста со природата-како поглед на свет, кај Хунзите се отсликува во секојдневниот начин на живот,но и нивните правила или непишани закони-природата не смее да се повредува…

па дури и мало дете кое ќе скрши гранка од живо дрво-наидува на прекор, ос уда…зошто тоа кај нив е недозволиво…

На прашањето: Што јадат Хунзит, таа рекла: Прво-се што јадат има неспоредлив вкус и квалитет во однос на нашите продукти. Наутро обично појадуваат леб, масло од семка на кајсија и чај-обично зелен хималајски чај.

Кога велам леб, мислам на погача направена од неколку видови житарици, кои смелени во воденици какви што и овде имало во минатиот век, го задржуваат вкусот на вистинските стари семиња и го даваат специфичниот неповторлив мирис на Хунза лебот… А тој неповторлив вкус не сакате да го намалите и да го мешате со други вкусови.

Па, најобичниот појадок со три неповторливи вкуса-леб, масло од кајсија и чај, за нив е традиција и секојневно започнување на денот што после појадокот веќе го добил својот вкус, мирис и убав почеток.

Хунза лебот е многу популарен на сајтовите за здрава храна од западна провиниенција, дури го препорачуваат и како диета за слабеење во САД, но нудат рецепти како да го направите што немаат врска со вистинскиот Хунза леб, кој е необичен заради фактот што се прави без квасец и како што велат-не дебелее…

За ручек јадат ориз, турлитави исти како нашите, дури и со бамји, ама без месо (месо јадат многу ретко, најчесто пилешко), разни видови гравчиња и леќи, компир и.т.н.

А вечерата е исто така многу едноставна…мене обично ми приготвуваа палачинки со масло од семка на кајсија… Да не ја заборавам ВОДАТА која ја пијат -навистина уникатно откритие за мене првпат во Хунза беше нивната ВОДА.

Ја викаат глечерско млеко, зошто ја добиваат од хималајските глечери стари милиони години, а бојата на водата е сива – зошто глечерот над Хунза бил од сивите глечери…оние нај, најстарите…

Бидејќи тие краишта од Азија долго време биле британски колонии, документирани се записи на мед екипи кои престојувале три години кај нив, забележувајки го феноменот дека за три години-никој не дошол да се пожали на било каква болест, забележани се два случаи кога пружиле медицинска помош-скрш еници при паѓање од дрва…

Кај Хунзите се знае редот-секое семејство има куќа, градина, неколку овошки во дворот и неколку животни. Секое семејство е самоодржливо-сами произведуваат се што им е потребно…но тоа се луѓе на кои не им треба многу за да бидат благодарни на Бога.

Затоа биле и се-единственото бескласно општество на светов. Увозот на производи кај нив не е едноставен, заради непристапноста на теренот на тоа хималајско Кралство, а така е и дене“; изјавила Марина за НМД.

Марина прославила роденден изминативо викенд, и има доста гости, се пеело, се играло, а таа била супер дотерна, во фустан со шлиц, и уживала во веелата атмосфера со нејзиниот долгогодипен партнер, музичарот Горан Алачки и со пријателите.

А за атмосферата се погрижил не било кој туку Наум Петрески, кој ѝ запеал на увце за Марина, а таа овој момент го овековечила и се фотнала со Наум кој е мајстор за весела атмосфера, и еден од ретките такви.

Previous articleЈубилеен роденден, еве колку години полни денес Билјана Дебарлиева
Next articleЛила раскажа необична приказна од искуство- Толку расплакани мажи на едно место