Home Live Најубавата Ју актерка мажите ја откажуваа без образложение, и никогаш не се...

Најубавата Ју актерка мажите ја откажуваа без образложение, и никогаш не се омажи- ова е нејзината животна приказна

Актерката Тања Бошковиќ со својата убавина ја воодушевуваше и се уште ја воодушевува цела Југославија штом зачекори на јавната сцена. Иако сите мажи лудувале по неа, таа вели дека никогаш немала среќа во љубовта.

Тања Бошковиќ е родена на 27 јуни 1953 година во Белград. Потекнува од угледно семејство, и мајка ѝ Иванка и татко и Велизар и биле професори по литература, а има сестра Славенка која е две години помлада од неа.

До седумнаесет години живеела во Аранѓеловац, каде завршила основно и средно училиште. Во Белград се запишала на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Предраг Бајчетиќ.

Студирала кај Горица Поповиќ, Јелица Сретеновиќ, Радмила Живковиќ, Злата Нуманагиќ и Бранко Јериниќ. Во 1973 година дипломирала.

Таа успеа да направи богата актерска кариера, а не постои човек кој не знае барем една нејзина улога. И денеска игра без пауза и вели дека не верува дека некогаш ќе престане.

Таа ја играше другарката на Фрау Елза, (Весна Чипчиќ) во едена од епизодите на „Луде године- Жикина династија“.

Во својата долга и плодна кариера, Тања беше ѕвезда на мјузиклот на Театарот на Теразије, а во 1986 година стана постојан член на Ателје 212. Призна дека понекогаш овациите траеле и по 20 минути по настапот.

Некогаш многу сакаше, но таа љубов заврши неславно, а раскинувањето остави неизбришлива трага на неа. Тања има две деца од врската со режисерот Дејан Караклајиќ, ќерката Лана и синот Ѓорѓе.

Ќерката тргна по нејзините стапки и се занимава со глума, а синот дипломирал на Факултетот за политички науки и се оженил на почетокот на 2014 година и денес живее во Америка.

Оваа врска не успеа да опстане, а човекот што неизмерно го сакаше, како што вели, ја остави со зборовите: „Не вреди, мажена си за театарот“, изјави Тања во емисијата „Ексклузив“.

Таа вели дека и покрај сите удари и невозвратени љубови, сепак успеала да ја задржи насмевката на лицето. Како најголем успех во животот таа го наведува мајчинството.

„Господ ти ја доверува грижата за тоа мало суштество и тоа е голема чест.

Тања многумина ја обожаваат поради нејзиниот разигран карактер, но и поради тоа што не се двоуми директно да го каже она што го мисли. Таа додека гостуваше во емисијата „Балканском улицом“, на телевизијата РТС, ја погледна младата генерација и рече:

„Овие социјални мрежи не се случајно создадени. Веќе никој никого не допира, никој никого не гушка. Можеш да живееш, да работиш од твојот дом и никогаш да не запознаеш никого. Знаеш како човек станува ранет и длабоко осамен. Ако нема кој да те прегрне“.

За време на тоа гостување таа имаше и важна порака за сите жени, која треба добро да се памети:

„Да ги немав тие неколку сериозни падови, ќе бев таква будала. Сега сум малку помалку будала, благодарение на тие падови. Кога ќе ја скршиш главата, ќе се вразумиш. Малку.

Дами, вразумете се. Единствените противници сте вие ​​самите. И тоа е обично женска особина, мажите нема да се борат против себе. Жените имаат тенденција само да бараат маани во себе и не знам зошто е тоа“.

Она што отсекогаш ја заинтригирало јавноста е нејзиниот љубовен живот, за кој вели дека не бил особено успешен.

“Порано многу страдав кога момците ме оставаа брзо, без објаснување. МАжот кој најм огу го сакав ме остави така. Мислев дека сум досадна и најлоша на светот кога никој не ме сака. Всушност, тие не ме сакаа онака како што очекував: безусловно и до остатокот од мојот живот“, рече таа. еднаш.

Секогаш искрено признаваше дека само од едно страда. “Жал ми е што не успеав да се омажам. Само Господ не ми го даде тој подарок, ми даде други подароци. Бескрајно сум благодарна за тоа. И не знаев како да направам другото, да успеам да се омажам“, признава таа.

Previous articleСимпатична „буцка“ качена на слон- еве каква била Каролина Гочева како малечка (ФОТО)
Next articleПишек објави слика со згоден маж и рече дека имала дозвола од Видоје да се сликаат, и тоа во костим за капење (ФОТО)