Home Live Сања Лукаревска објави слика со луѓето на кои им должи сe’ (ФОТО)

Сања Лукаревска објави слика со луѓето на кои им должи сe’ (ФОТО)

Еден од ликовите со кои сите израснавме е актерот Ѓокица Лукаревски (71), македонски глумец, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.

Лукаревски е роден 1951 година во Скопје. Една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје.

Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.

Ја има добиено главната актерска награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора.

Потоа, наградата за најдобро актерско остварување Војдан Чернодрински, во 1984 година. Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.

Ја има добиено и награда за животно дело Анче Џамбазова 2020, потоа и награда за животно дело на фестивалот “Гола месечина” 2020.

Ѓокица беше гостин во првата емисија од циклусот „Уште ми фалиш“, јутуб емисиите на музичарот Александар Митевски и на актерот Драган Спасов- Дац кои се емитуваа за време на пандемијата.

Лукаревски раскажуваше интересни анегдоти за своето детство и за својата младост. „Во тој период беше голема храборст да се приближиш кон девојчињата, затоа што дури и не можевме ни да се држиме ни за рака.

А што се однесува до првиот бакнеж, тоа беше сон за сите нас. Јас оние женски што сум ги имал сум ги фаќал на оние хумористични варијанти. Женска дома сум донел некаде на моја 20-21 година.

Имаше една навика, кај нас покрај кејот на Вардар, ние со огромна храброст, а и желба, да дојдеме до женскиот род. Се нафрлавме, кој побрзо ќе фати некоја женска за гр адите. Вака во трчање, ќе ја фатиш и ќе избегаш.

Тоа беше најлудо нешто што сме можеле тогаш да го направиме, хахаха“, рече Ѓокица присетувајќи се на својата младост- лудост. Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи е една од најпопуларните жени во домашната политика.

Како што е познато, таа е ќерка на познатиот глумец Ѓокица Лукаревски. Во една прилика, Лукаревска зборуваше за тоа каква била во детството и во младоста, и за својот татко, големиот актер кој го паметиме по многу улоги, од Тетарче лево ќоше до Македонските приказни и многу други.

-Ако го земам во предвид фактот дека бев постојано претседател на класот во средното училиште ,,Никола Карев,, и лидерски се борев за нашите права како ученици, изгледа дека сум била на некој начин бунтовник.

Тинејџерските денови беа навистина прекрасни, безгрижни. Денес се смеам кога ќе ми текне , какви проблеми сум имала тогаш. Всушност тоа не биле проблеми, туку едни убави грижи .

Не ми одеше физиката, не ја сакав , ама се мачев да ја сфатам . Уживав на часовите по географија. Глумев во претстави во средно школо , пројавив некоја амбиција за глума, но остана се само на желба и ништо повеќе.

-Мислам дека бев мноу возбудена кога требаше да одам на новогодишна претстава во која глуми татко ми, заедно со тогашните мои другари од основното училиште ,,Димитар Миладинов”.

Се сеќавам, кога бевме на такви претстави, најчесто во Универзаланата сала, на крај на претставата тој ќе ме пронајдеше во публиката и дискретно ќе ми мафнеше. Тоа го гледаа моите другари, а јас бев пресреќна.

Имаше и такви случаи кога, тој ме носеше на доделување на пакетчиња во Драмскиот театар. Тој Дедо Мраз таму, ми беше многу страшен и наместо да се радувам, бев заледена од страв.

И за да ми надомести, Ѓокица знаеше да дојде дома, преправен како Дедо Мраз, да ми даде пакетче и да си оди. И тој знаеше колку е искрена таа детска радост“, рече Лукаревска во Женски магазин.

Сања Лукаревска на Фејсбук од време навреме зане да објави слики со својот татко, но поретко со мајка си и татко си заедно. Овој пат, имаше посевен повод да ја раскаже приказната на Ѓокица и на неговата сопруга која е столб на нивното семејство.

-,Најголемата услуга која еден татко може да им ја направи на децата е да ја сака нивната мајка”-Мериме. Во нашиот дом ,,услугата” трае 45 години. Да им се множат годините од нивното ДА од кое се роди нивното СЕ’.

И само ним им должам се’. Моите Лукаревски“, напишала Сања и објавила слика од прославата на нивната 45.годишнина од бракот, на која Ѓокица е среќен и насмеан во друштво на својата сиоруга и ќерка.

Previous articleШеф Марк во друштво на овој наш познат музичар, се опушти во кафана со сопругата (ФОТО)
Next articleЕлена Велевска искрено раскажа што не им дозволува на децата, и како се бори за нив