Home Live Оваа приказна на Лазар Бараков ја фати прашината и мувлата- џабе ли...

Оваа приказна на Лазар Бараков ја фати прашината и мувлата- џабе ли беше трудот на нашиот актер? (ФОТО)

Македонскиот актер и омилениот лик од народните приказни Лазар Бараков, во едно интервју за Магазин открива интересни детали од неговите почетоци, падови и подеми.

Тој раскажува како е да се биде дел од приказните и да игра со легендите како Ѓорѓи и Шенка Колозови, Ванчо Петрушевски и Гоце Тодороски.

Бараков во интервјуто ни открива колку е среќен и горд татко на трите деца, кои за жал не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.

Лазар ни открива исто така дека никогаш со сопругата не се мешале во желбите на нивните деца и дека секогаш во животот ја имале нивната поддршка.

Лазар Бараков е роден во Мокрино, Струмичко и македонски филмски глумец, најпознат по улогите во Македонски народни приказни.

Актерството за да го работам , не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер. Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште, сум имал достап до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови се врежани во мене.

Како дете сум имал желба се’ да бидам и затоа во мојот живот сум пробал секакви работи, глумата сум ја чувал во тајност , за ако не успеам за не бидам за подбив од моите. И затоа се’чував во тајност , се додека не се појавив во еден бугарски филм како ученик во Софија.

Тогаш моите беа изненадени, оти знаеја дека сум на медицина ( каде што бев само три дена).

Само татко ми беше среќен и ми пожела еден ден да го играм Сандански, негова омилена историска личност…..

Мојот животен и професионален пат е трнлив. Свесен сум дека во животот не сум смеел да имам желба и да ми биде остварена. И затоа сум се потпирал на некаква интуиција, нешто потсвесно што ме води напред“, вели актерот.

Бараков често глумеше ѓавол, слуга, шпараџија и каскатија во Македонските народни приказни и има прекрасни спомени со актерите.

-Интересни анегдоти има многу, како во “Стариот ерген” каде Ванчо го игра скржавиот ерген и не сака да се жени за жена која ќе јаде леб и ќе му прави многу трошкови.

Арно ама другарите му најдоа жена која нема да јаде леб, таман се договорија и главниот стројник кога рече за свадба во недела, ергенот Ванчо веднаш извика;

Нема свадба , вујчо ми Бараков три пати се женеше еднаш свадба не направи, не може…(демек јас сум бил поскржав од него) , а тоа е импровизација на лице место итака останува во приказната..

Мојот животен и професионален пат е трнлив. Свесен сум дека во животот не сум смеел да имам желба и да ми биде остварена. И затоа сум се потпирал на некаква интуиција, нешто потсвесно што ме води напред…

Моите чеда, сите поседуваат талент за глума.. но ги советував да не тргнуваат по тој пат, неизвесност, зашто многу е тешко да бидеш артист а да не добиеш слава.

Тие како мали беа дел од некои приказни, сега Македонка е психолог, Викторија е архитект, Александар е уште студент и се бара уште во животот , работи уште врз себе…“, рекол за своите деца Бараков.

На Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов, е објавена приказна за Лазар Бараков, тоест еден негов цитат од претходно, кој е поврзан со едно негово дело. Адиминистратор на ова страниа е Горан Марковски.

-Кој има речено дека Лазар Бараков не толкувал главна улога и тоа на филм и тоа за националната телевизија и тоа избран од врвен режисер и сценарист во тоа време?!

Сепак треба да разбериме дека тоа беа златните години на македонската телевизија! Што го прави Бараков уште поголем! Ете што пишува Лазар Бараков по овој повод:

Сцена од моето прво филмско чедо ,со супер главна улога од 1987 од тогашните власти заврши во бункер на МРТВ. На кого му пречи кору-пцијата и аномалиите што се случуваа во бившото Југо-општество, и денес филмот да стои во бункер ,со изработка на врвно талентираниот режисер Стојан Стојаноски и врвниот писател и сценарист Васе Манчев.

Ние му одговараме: Ех почитуван, не е саде твојот филм во бункерот на мтв, ами уште десетици приказни никогаш не видени чекаат дигитализација ако не ги изеди прашината и мувлата!“, стои во оваа објава.

Previous articleАнтонела на Меси е вистинска убавица, го сакала и кога само сонувал да биде ѕвезда, а вчера заплака од среќа (ФОТО)
Next articleБожидар: Како изгледаше слава на времето