Home Live Сара и Димитар покажаа неочекувана фотка -разголени по дома (ФОТО)

Сара и Димитар покажаа неочекувана фотка -разголени по дома (ФОТО)

Нашата пејачка и харфистка Сара Мејс и Димитар Атанасовски се еден од најинтересните парови на домашната сцена.

Пред пет години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.

Пред неполни четири години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.

Тогаш, Димитар и Сара направија откачена фотосесија и дадоа интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина, алудирајќи на промена на името на државата на крајот на септември истата година.

Сара, набрзо години откако ја роди Илина со специјален начин на исхрана ја врати старата линија.

Слатката ќеркичка Илина е секогаш со Сара и со Димитар, на најмногу уживаат во природа заедно. Со нив секогаш оди и нивниот миленик.

Една убава празнична слика од Самоков објави Сара, на која е заедно со Димитар, со ќерката и со миленикот. „Само ние четворица. Не е потребен филтер“, напиша Сара.

Сара и Димитар објавија дека ќерката Илина ќе има братче, на интересен начин, откако од кутија извадија сини балони и така се објави полот на бебето, кое се роди пред неколку месеци.

Димитар гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и таму зборуваше како се подготвуваат со Сара за бебето што треба да им се роди.

Зборуваше и за тоа дека ќерката Илина не е љубоморна на братчето, и спие сама во својата соба.

-Подобро да ви плаче бебето на вас, во вашата соба отколку на мене, рекла ќерката на Димитар и на Сара. Димитар исто така кажа дека редовно вежба кросфит, и оди на работа откако ќе извежба.

Потоа, во емисијата се вклучи Сара која раскажа што е она што го сака кај својот сопруг.

„Тој е одговорен, многу добар татко, сопруг. Она што го сакам кај него е неговата чуста душа, што сака да помага на луѓето.

Го сакам неговиот директен хумор. Би сакала да го прашам, да направи паралела помеѓу времето во осумдесетите и во деведесетите, кога растевме без телефони и ова денешно време кога ни се достапни“.

Потоа Димитар на ова рече: Ова е наша интерна ситуација. Таа по дома секогаш ми замерува дека сум нон стоп со телефон.

Како што се случуваат овие работи, Француски предлог, глупости, јас последнава недела сум постојано на телефон, сакам да читам сѐ, и Сара тоа ми го замерува“, рече Димитар.

Сара Мејс, само два месеcи откако го роди синот Кирил, изгледа како топ модел. Таа објави слики како опуштено позира во долна облека, како модел во нова кампања за бренд кој се продава во Македонија.

Секоја чест за изгледот на Сара и за волјата да позира, и да покаже колку освен за музика, ја бива и за реклами.

По повод пет годишнината од денот кога стапи во брак со водителот Димитар Атанасовски, македонската пејачка и харфистка Сара Мејс објави досега невидени фотографии од свадбата.

Повторно имавме можност да ја видиме нејзината уникатна венчаница, но и да откриеме дека на свадбата гостите одлучиле да се разладат во базен само во долна облека“, објави Црно бело.

– 100 пати да се родам, 100 пати ќе те најдам“ – напиша Сара до фотографиите.

Сара и Димитар направија уникатна свадба во септември 2017-та година, кога младоженецот по невестата отиде со моторцикл, а Сара на церемонијата носеше две венчаници.

– Сметам дека за комплетното доживување на едно музичко дело, големо влијание има и костимографијата за целосно да се долови сликата пред публиката.

Сара и Димитар се заљубени еден во друг, исто како првиот ден и ниедна пречка не им ја растура љубовта. Може да се каже дека се еден од најскладните парови на домашната сцена.

Сара постојано си го фали мажот и кажува колку го сака, а на последната фотографија која ја објави, со сигурност може да се каже дека страста им опстојува сѐ уште.

Сара и Димитар се сликаа во долна облека за познат бренд. Всушност, композицијата се одвиваше во дневна соба на кауч, а Сара и Димитар страсно се гледаа.

Интересен беше описот на Сара на оваа слика каде што напиша:

„И мајките се луѓе… што сакаат да се чувствуваат удобно во своја кожа.“

Previous articleКатарина Ивановска ја покажа мајка си, во млада верзија, иста е како манекенката, како близначки да се (ФОТО)
Next articleАнтонела на Меси е вистинска убавица, го сакала и кога само сонувал да биде ѕвезда, а вчера заплака од среќа (ФОТО)