Home Live Се огласија Мартин и Стефан од „Некст тајм“ со важна порака: Жива...

Се огласија Мартин и Стефан од „Некст тајм“ со важна порака: Жива била Македонија!

Медиумите наголемо пишуваат за концерот на „Некст тајм“ кој се случил во саботата во салата „Борис Трајковски“, и сите го нарекуваат спектакл, зашто салата била полна, и ситее пееле во еден глас македонски комитски песни.

Двочасовниот спектакл го отворија со „Нешто ќе те питам бабо“, а уште на првиот такт ја наежија публиката со изведбата. По оваа песна, почнаа да ги редат песните кои го сочинуваат нивниот студиски албум „Мајка“.

Публиката посебно се распеа на „И ние сме деца на Македонија“ и во еден глас ги пееше со Стефан стиховите од оваа безвременска песна.

„Чекавме 15 години за во ваква голема сала да одржиме концерт. Ви благодариме на сите што ја поддржувате македонската музика, затоа што во ова време ѝ е многу потребно на Македонија да се одржува културата и традицијата.

И ние и вие сме главна причина што оваа причина уште трае. Да сте живи и здрави“ – кажа Стефан кон средината на концертот и им се заблагодари на сите присутни“, напиша Женски магазин.

Два часа спектакл приреди братското дуо „Некст тајм“ вчера во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде го заокружија проектот „Мајка“.

Стари и млади, песната на Мартин и Стефан ги обедини сите љубители на македонската комитска песна“, стои во извештајот на ММС.

По овој концерт, се огласи Стефан и Мартин на Фејсбук со емотиувна порака. Инаку, на овој концерт им гостувал и Влатко Лозаноски- Лозано, и заедно со Стефан ја пеел „Ја излези Ѓурѓо“.

Концертот доживеа кулминација на песната „Ја излези Ѓурѓо“, на која членовите на навичката група „Комити“ запалија бакљи и со овој чин им покажаа на браќата дека им се благодарни што и на помладата публика ѝ ги доближија овие песни.

Освен Николче Мицевски, Гоце Димовски и членовите на нивниот бенд, специјален гостин на концертот беше и Влатко Лозаноски – Лозано, кој го отпеа својот хит „Километри“.

Стефан, заедно со него во дует уште еднаш ја испеа „Ја излези Ѓурѓо“ и покажаа колку моќно звучи оваа песна кога тие двајца ќе ги вкрстат гласовите“, раскажа Женски магазин.

Градоначалникот на општина Аеродром, утрото по концерот, на својата фејсбук страна објави фотографија направена во спортскиот центар „Јане Сандански“ на подготовка на концертот на дуото Некст Тајм.

-Ние немаме потреба од полиција и обезбедување.

Вечерва во 20 часот ќе слушаме македонска музика, ќе зборуваме за патриотизам и ќе ги промовираме нашите традиционални песни и вредности“, напиша Муцунски на фејсбук и најави дека денес со својот син Иан ќе ги присуствува на концертот.

– Чекавме 15 години за ваков магичен момент, момент што не се опишува со зборови можеби ниту со слика, едноставно е врежано во нашата душа и меморија, која што вечно ќе ја носиме во нас.

Благословени сме што ве имаме и среќни што ни давате можност нашиот сон музички да го живееме на волкава сцена. Големо благодарам за нашите гости Лозано – Влатко Лозаноски , Виктор Ангелов.

Ви благодариме од срце. Огромна благодарност до нашиот бенд Бранко Сарампалев, Коста Ановски, Александар Џигер Ванчовски, Маррио Станковиќ, Влатко Крстев, Гоце Димовски, Полина Тасева, Благојче Стојчески, Дејан Теодосиевски, Антоние Весковски. Продукција- Иноватива груп.

Tон мајстор: Ивица Јанкуловски. Mониторинг Давид Матевски. Посебно огромно благодариме на Маестро Никола Мицевски за се што направи за нас и македонската музика.

Ве сакаме Македонијо, не застануваме тука ова е еден огромен мотив да се докажуваме уште повеќе.

Најголемото благодарам иде за вас публиката, ВЕ САКАМЕ. ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА!!!“, пишува во објавата на Мартин и на Стефан Филипвоски на Фејсбук.

Previous articleПријовиќ пак заврши на „пластичар“, еве што зголеми овој пат (ФОТО)
Next articleСимпатична „буцка“ качена на слон- еве каква била Каролина Гочева како малечка (ФОТО)