Home Live Шеф Марк во друштво на овој наш познат музичар, се опушти во...

Шеф Марк во друштво на овој наш познат музичар, се опушти во кафана со сопругата (ФОТО)

За шеф Марк може да се рече дека по природа е оптимист и настојува да ја сподели позитивната енергија со луѓето околу него.

Дојде, виде, му се допадна многу и… остана во Македонија, напиша во една прилика Комплетна.мк, за нашиот познат готвал Марк де Јонг.

– Мајка ми по потекло е од Македонија. По големиот земјотрес во Скопје 1963 година, семејството на мајка ми заминало за Белгија. Јас сум роден во Брисел, а детството се разбира го поминав со баба ми и дедо ми кои по потекло се Македонци.

Тие постојано ми раскажуваа за убавините на Македонија, за луѓето и за обичаите во нивната родна земја, а баба ми, се разбира, готвеше македонски јадења. Сето тоа ја разбуди мојата љубопитност и желба да ја посетам Македонија.

Пред повеќе од осум години, за првпат заедно со вујко ми, дојдов во Македонија. Посетивме многу убави места, запознав многу луѓе. Потоа дојдовме уште неколкупати.

Секогаш ја носев таа убавина и топлината на македонското сонце со мене, а пред седум години одлучив да се преселам и да продолжам со мојот живот и работа токму овде во Македонија.

Секој ден учам нешто ново, запознавам нови луѓе и обичаи. Ја сакам топлината на луѓето и нивната гостопримливост и со иста мера возвраќам. Уште од првиот момент кога стапнав во Македонија се чувствував како дома, во своја земја.

Сега сакам моето знаење и искуство да го пренесам на моите помлади колеги во Македонија, на сите што се интересираат за готвење и да покажам дека во Македонија сите јадења имаат поубав вкус.

Затоа што тука можат да се најдат најубавите и најсвежи продукти, прекрасно овошје и зеленчук со вистински вкусови и свежи тревки какви што нема никаде во светот.

Како професионален готвач, со големо задоволство се обидувам да направам комбинација на различни вкусови, кои се надополнуваат.

Секогаш кажувам, дека треба да ставите и љубов во чинијата со јадењето, бидејќи ако не додадете љубов, веднаш се чувствува дека нешто недостига. Чинијата со љубов има друг посебен вкус.“

За себе знае да каже „Уште од мал сум паднат во тенџерето на македонската кујна“ и со одушевување се сеќава на јадењата, посебно на пиперките со лукче што ги подготвувала баба му и урдата што ја правел дедо му. Денес, со својот ангажман придонесува во збогатувањето на македонските вкусов, објави Комлетна.мк

Следејќи го трендот на online платформи за рекламирање и нарачка, почнав да соработувам со одредени брендови и компании за нивна промоција преку моите рецепти.

Промотивните настани сега се од затворен тип, со ограничен број на луѓе во тимот за реализација, со мерки за заштита и без интеракција со луѓето“, изјави Марк.

Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка гостуваа во емисијата Магазин на Сител и таму раскажаа како им поминува нивното секојдневие.

„Пиеме кафе со една лажичка шеќер, и се трудиме да го редуцираме, и да стасаме до кафе без шеќер“, рече сопругата на познатиот кувар.

Се надевам дека нашата среќа, нашата позитивна енергија, споделена со нашите блиски, го прави животот малце поубав. Не само нашиот, и на нашите блиски“, рече Василка за својот сакан Марк.

– Навистина, уживаме во тој момент, и сакаме да го споделиме и другите да уживаат во тоа што ние го имаме. Ете, тоа е, позитивноста, љубовта, среќата е дел од животот.

Без тоа не се живее. За жал секаде лоши вести. Сакаме да бидеме среќни, да уживаме и да го споделиме тоа “, рече Марк Де Јонг. Марк пред некое време објави дека за жал веќе нема да биде дел од „Брза кујна“.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на Брза кујна… се надевам оти ви е јасно за што не…

се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на Брза кујна !!!“, напиша Марк, а сега заедно со Никола, на ТВ Сител е готви  Бобан Симоновски.

Шеф Марк е добар пријател со Горан Алачки и со неговата партнерка Марина Дојчиновска. Марина славела роденден, и тоа 57, и го одбележала во друштво на пријатели, во ресторан.

Дотерана, и весела, Марина си ги викнала своите најблиски, а меѓу нив е секако и Горан Алачки, но и шеф Марк со сопругата Василка.

Па, на една од сликите кои ги објавила Марина, можеме да го видиме шеф Марк во едно вакво, опуштено кафеанско издание.

Previous articleЛила покажа што прави во сабота навечер – сите ги збуни со оваа фотографија, а еве зошто (ФОТО)
Next articleСања Лукаревска објави слика со луѓето на кои им должи сe’ (ФОТО)