Home Live Симпатична „буцка“ качена на слон- еве каква била Каролина Гочева како малечка...

Симпатична „буцка“ качена на слон- еве каква била Каролина Гочева како малечка (ФОТО)

Каролина Гочева минатата година ја издаде песната „Идила“ која беше е најава за нејзиниот нов албум, кој треба да излезе на есен. Каролина пее преработени македонски хитови од постари познати пејачи.

Идејата се појави уште после нашиот прв заеднички настап во 2016та на концертот на Дуке во „Метрополис Арената“.

Tогаш за првпат се споивме и ја изведовме “Празно е без оваа љубов” евергрин напишан од татко му на Дуке, Тодор Бојаџиев – прекрасна љубовна песна која ти остава кнедла во грло…

Па така и понатаму размислувањето ни беше во таа насока. Вистински, идејата почна да се раѓа после мојот престој во Њујорк во 2019, кога речиси секојдневно се дружевме и разбирливо, голем дел од времето бевме околу пијано, испробувавме различни жанрови на песни и многу бевме задоволни од тоа како звучиме заедно, па така почнавме и гласно да размислуваме за албум каде ќе сме само ние тројца.

Првичниот план беше да издадеме во 2020, но поради познатите околности и нашата замисла мораше да се одложи па спремно чекавме подобро време“, рече Каролина во Женски магазин.

Сега, таа ќе ги пе овие песни на концерти во Скопје во Македонската Филхрамонија, а концертите се вкупно пет на број. Нашата пејачка ги распордала картите за овие концерти со Дуке Бојаџиев и со Исмаил Лумановски во најкраток можен рок.

Каролина го даде следниот одговор на прашањето: Колку си самокритична и строга кон себеси, и во работата и во животот воопшто, таа одговори:

-Поприлично. Не знам дали е тоа добро или лошо, ама некогаш баш знам самата да си се “уб ијам во поим” (се смее). Како и да е подобро тоа , отколку обратната варијанта (се смее).

Кога бев (по)млада и несигурна знаев повеќе да вреднувам туѓо мислење од своето и многу пати знаев да згрешам, или и да не било грешка – да не сум задоволна од одлуката.

Сега се повеќе се водам од моето внатрешно чувство. Не би рекла дека сум импулсивна, но обично си го следам инстинктот, “шестото сетило“ и кога е така, ретко грешам.

Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја“, изјави пејачката, а го спомна и своот сопруг, ликовниот уметник Михаил Корубин.

Имаме доволно работи кои ги правиме заедно, но секако и такви кои ги правиме засебно без да си “сметаме” eден на друг.

Михо многу работеше за време на целиов овој период со пандемојата, затоа што неговата работа не бара физичка дистанца, па добро го искористи целото слободно време кое го имавме.

Си споделуваме се’ за тоа на што во моментот работиме. Многу ми е важно неговото мислење за тоа што го правам. Јас уште во почетниот процес на работа знам често да се консултирам со него, а тој повеќе сака да го сподели крајниот резултат“, изјавила таа за сопругот.

СОС детското дело има иницијајатива која се шири меѓу познатите личности тоест предизвик кој се вика Сети се, и е наменет да се создадат среќни спомени за секое дете.

– Барајќи слики за предизвикот посветен на среќните детски мигови изнајдов некои на кои потполно сум заборавила…со моите, со сестра ми, со братучедите и со нашата сакана баба Љупка со која пораснавме и не’ сакаше повеќе од себе! (особено сестра ми)

А, мене ми беше главен фан и имаше архива од сите можни исечоци од весници и појавувања по медиуми. Одамна не е меѓу нас, ама често си ја спомнуваме и нејзината љубов е нешто што и ден денес го памтиме и чувствуваме.

Фала Калиопи и Весна Петрушевска за предизвикот, а јас ги предизвикувам Елена Ристеска, Лара Иванова и Влатко Лозаноски.

Стани дел од предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село и заедно да создадеме среќни спомени за секое дете!“, напишала Каро9лина Инстаграм.

Инаку, на сликите, нашата музичка ѕвезда е симпатична „буцка“, и е среќно и весело дете опкружена со најмилите, а на една слика, Каролина е сликана, качена на слон.

Previous articleСе огласија Мартин и Стефан од „Некст тајм“ со важна порака: Жива била Македонија!
Next articleНајубавата Ју актерка мажите ја откажуваа без образложение, и никогаш не се омажи- ова е нејзината животна приказна