Home Live Блага Петреска упати силна порака за луѓето кои живеат во туѓина- раскажа...

Блага Петреска упати силна порака за луѓето кои живеат во туѓина- раскажа за тажната судбина и плачот на мајката

Блага Петреска е родена во Прилеп, во музикално семејство со пет деца – три машки и две девојчиња.

Сите пет деца свиреле на различен инструмент и учеле во нижото музичко училиште, објави во една прилика oldprilep.com, а текстот е пренесен од весникот Дневник чиј автор е Соња Алексоска-Неделковска.

– Од трето одделение учев клавир. Додека децата од мое маало си играа, јас постојано вежбав клавир. Уште од мала сакав да бидам на сцената и мечтаев еден ден да станам позната пијанистка.

Додека бев во основно училиште, пеев на сите училишни приредби по желба на моите професори, кои кај мене го открија талентот за пеење. Во Прилеп ја освоив наградата за најдобар пејач-аматер и веќе на 14 години го здобив епитетот најдобра пејачка во градот.

Од петте деца само јас требаше да одам на школување во средното музичко училиште во Скопје, но тоа не одговараше на буџетот на моите родители.

Волјата на професорите беше многу голема и тие ги убедија моите родители да одам во Скопје за да го школувам гласот.

Во средното музичко училиште Блага продолжила да пее забавна музика. Нејзиниот талент го открил Александар Џамбазов.

Во трета година во средното училиште, по негова препорака, настапила на фестивалот во Љубљана.

– На тој фестивал се натпреваруваа воени оркестри и пејачи-аматери од цела Југославија. Таму ја освоив првата награда, која денес би врeдeлa 5.000 ГМ. Моите родитела беа многу изненадени.

Тоа беше мојот прв хонорар заработен со пеење. Но, кога се вратив во Скопје, професорот по соло-пеење ме истера од класата затоа што сум го школувала гласот, а сум настапила на фестивал за забавни мелодии.

Потоа, со ургенции на директорот од средното музичко училиште, се вратив во класата на Коста Трпков и со одличен успех го завршив школувањето по соло-пеење.

Потоа, во 1966 година, се вратила во Прилеп и три години предавала клавир во музичко училиште.

Паралелно со работата, завршила и педагошка академија, бидејќи во тоа време сè уште немало музичка академија. Во 1969 година повторно се вратила во Скопје, како што вели, разочарана од една голема љубов.

– Кога повторно дојдов во Скопје, се вработив во Операта и тогаш ја снимив првата сингл-плоча со Кочо Петровски за РТБ. Потоа следуваа настапите на Скопскиот фестивал во 1971 и во 1972 година и турнеите со најпопуларните југословенски пејачи.

Во тој период го срeнaв Павел Контраденко – Павка, по потекло Украинец, по професија архитект. Тој беше многу музикален – имаше завршено средно музичко училиште.

Тогаш првпат почуствував дека некој толку многу се грижи за мене и дека некому многу му значам. Нашата љубов се раѓаше и се градеше чекор по чекор. Прво ме освои со својот карактер, а потоа и со изгледот. Во времето додека се забавував со Павка, ми понудија да ја играм Коштана.

Во 1973 година Блага и Павка ја крунисаа љубовта со бра.. Прво се раѓа нивниот син Олег, а по две години ја добиваат и ќерката Оља.

– Се повлеков од сцената зашто сакав да бидам покрај моето семејство. Но, на Павка не му пречеше да продолжам да пеам и затоа ја прифатив понудата да настапувам со професионалниот воен оркестар.

Пеев заедно со пок-ојната Сашка Петковска, Кирчо Поп Лазаров, Дарко Мијалковски, Јанко Узунов, со групата Мањифико. Во тоа време правевеме прекрасни концерти. Морам да кажам дека соработката со воениот оркестар ми помогна да направам добар репертоар.

Благодарение на Ѓорѓи Димчевски, Блага ја снимила втората сингл-плоча, со која и се враќа на народната песна. Потоа снима уште многу песни, кои и ги отвораат портите кон странство. Следуваат турнеи низ Австралија и низ Америка“, изјавила Блага.

Блага на Фејсбук објавила своја песна која е силна порака за нашинците кои живеат во дијаспората и сите оние решаваат да ја нашуштат родната татковина.

Песнатасе вика „Далечини“, и Блага ја испеала во 1994 година на фестивалот „Охридски трубадури“, а на Фејсбук таа порачала: Носталгија на сите што ја напуштаат татковината, и плачот на мајката по родот свој во далечина. Тажна судбина.“

Previous articleЗаводлива во син фустан со шлиц- Миланка Рашиќ се опушти и е сè поубава и поубава (ФОТО)
Next articleИрена Спасовска со оваа Баба Мразица слика ги падна од столче сите – дали е ова најдобрата зимска инфлуенсерска фотка? (ФОТО)