Home Live Доктор Горан од Германија ги израдува нашинците: Дадов отказ во болницата –...

Доктор Горан од Германија ги израдува нашинците: Дадов отказ во болницата – ќе се врати ли во Македонија

Доктор Горан на едноставен и разбирлив начин, стил кој секој може да го разбере, на своите следбеници им објаснува како доаѓа до некои заболувања, како да се третираат и како да си помогнат.

Најчесто видеата ги снима додека вози во автомобил, бидејќи брзото темпо на живот во Германија не му дозволува многу слободно време.

– Јас бев „на времето“ активен на Фејсбук. Кога се преселив во Германија ги избришав сите социјални мрежи и со тоа си отворив временски прозорец за да се посветам на јазикот и учење на се она што е ново.

Сега кога веќе сум одредено време овде решив пак да се вратам на социјалните мрежи, се надевам не само подостарен туку и подобрен.

Инаку ми претставува задоволство кога сум на Инстаграм и ќе успеам да насмеам некого или па ќе пренесам знаење, кажа докторот за Женски Магазин.

Кај доктор Горан на профил може да се видат многу едукативни видеа од областа на медицината, па не само студентите, туку и оние кои не се занимаваат со медицина, се интересираат за овие видеа.

Неговата популарност драстично се зголеми за време на пандемијата на вирусот, и тој стана најпопуларниот доктор во нашата земја на оваа социјална мрежа, со над 49.5 илјади следбеници, чија бројка од ден на ден расте.

– Како хоби ги гледам моментално фитнесот и аматерско бавење со филозофија и психологија. Да не заборавиме, пеење на инстаграм како начин за тренирање на нервите на следачите.

Сопруг и татко е за мене најновата, но и најубавата улога во животот и начин да ја забавам оваа трка која ја водиме со времето наречена модерно општество, вели докторот, изјави докторот во една прилика за Слободен печат.

За неговата сопруга Александра секогаш има пофални зборови, а за нивните почетоци, докторот не открива многу, но во истото интервју откри мал дел како се случила љубовта.

– Го паметам точно моментот кога првпат ни се споија погледите. До пред тој момент бевме двајца странци, 10 години подоцна родители на Себастијан. Еден поглед може да промени многу.

Горан важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.

„Јас во Македонија не бев во работен однос туку како волонтер на Кардиологија, па не можам да направам точна споредба, но откако дојдов во Германија последните 5 години мојот живот се врти само околу медицината, пацие нти, бо лести.

Медицинските ходници станаа мојот дом (затоа во Aмерика овој период се нарекува „residency“), социјален живот освен со фамилијата и колегите скоро и немам“, изјави во една прилика тој.

Доктор Горан од Германија, често на својот Инстаграм профил на кратките приказни објавува слика од „познатиот“ лифт кога е на работа и таму најчесто ги известува своите фанови колку денови работи во неделата.

Но, денеска, кога се сликна во лифтот, ги изненади обожавателите со една вест, а тоа е дека си дава отказ од болницата, каде што моментално работи. Притоа, докторот не беше облечен во бело, туку се дотерал елегантно при давањето на отказ.

„Денес си дадов отказ во клиниката каде што работам веќе 6 години. Измешани чувства… Ќе ве известам каде продолжува мојот пат… нешто ново и возбудливо“, напиша д-р Горан на сликата, а потоа во видео кажа:

„Иначе дечки, не си одам одма од болницата. Откога ќе дадеш отказ, имаш 3 месеци, во мојов случај, тек тогаш можам да си одам. Е сега, завршив јас во старава болница работа, сега во новата болница, уште не е официјализирано.

Со шефот си дадовме рака, што се вика ама не сме потпишале договор уште. Тоа морам да го завршам, да се официјализира и морам да им кажам тек за три месеци дека можам да почнам.

Во најлош случај можат да ми речат, е не може за три месеци, па да останам без работа, драги пријатели, да си дојдам во Македонија, шала..

Иначе во новава болница каде што ќе почнам, еве ќе ви кажам нешто интересно. Како почнуваат деновите, на утрински состанок, почнуваат со една минута медитација, рече докторот кој се гледа дека е возбуден за новото поглавје што го очекува.

Previous articleОткриени нозе и чорапи со чипка, се разубаве нашата позната актерка Амернис, вака никогаш не изгледала (ФОТО)
Next articleБубе од Канал 5 искрено кажа од што се срамела, што ѝ пречело кај неа па го покривала, а еве како изгледа на најновата слика на Фејс (ФОТО)