Home Live Двата сина на Марина Туцаковиќ имале иста судбина, се упокоија во ист...

Двата сина на Марина Туцаковиќ имале иста судбина, се упокоија во ист месец, а еве што откри Лаќа за брат му пред да се упокои

По информацијата која се појави во српските медиуми дека се упокоил текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа, син на упкоената Марина Туцаковиќ, се огласи неговиот татко Александар Радуловиќ Фута.

Тој за „Телеграф“ изјави дека неговиот син бил пријавен за исчезнат на 12 декември, а бил пронајден вчера на улица во Израел. Како што изјави, се уште не знае што се случило со неговиот син и во каква состојба е.

Фута во бракот со Марина Туцаковиќ имаше два сина Милан и Милош. Неговиот живот го одбележаа две тра-гедии, а сега и трета, по загубата на едниот син, сопругата, оа другиот син, тој остана сам.

Минатата година се упкои Марина, а во 2008 година и нејзиниот син Милош. Милош Радуловиќ се упокои на 1 декември 2008 година во Белград. Неговата мајка Марина го пронашла во семејната куќа во центарот на градот, а по три дена бил испратен на Новите гро-бишта.

Синот на Марина и Александар Фута Радуловиќ ненадејно се упокои, а Марина до минатата година не зборуваше за најболниот ден во животот.

– Влегов во неговата соба и го најдов тоа што го најдов. Милош тогаш имаше 24 години. Беше на први декември. Секогаш се плашев дека нешто ќе му се случи. Вашето дете оди на екскурзија и се плашите како ќе стигне таму. Секогаш имаш страв за луѓето што ги сакаш – рекла еднаш Марина.

– Интересно, таа вечер… Беше толку весел, толку се смеевме, не можев навистина да имам лошо чувство.

Колку што имав претходно од стравови… И токму тоа се случи, на што секако не се надевав тогаш.

Не го очекував тоа. Тој ден требаше да одам како жири во една емисија. Тоа беше момент на лудило и присебност – додаде Марина.

Марина Туцаковиќ ја загуби битката по тешко боледување на 67-годишна возраст, минатата година.

Најпознатата српска кантавторка последните денови ги помина во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена откако и се слоши во вторникот на 14 септември, кога беше ставена на вентилатор и беше позитивна на кор она вирусот.

На почетокот на 2018 година и бил дијагностициран малигнен ту мор на дојката, по што набрзо била оперирана.

Во интервјуто по повод панихидата на неговата сопруга, Фута изјави дека сè уште е со скршено срце поради загубата на Марина.

– И мене во последно време не ми е баш добро, не само поради ова. Четири години ја водевме таа заедничка битка која заврши како што заврши. Сè уште сум во некои фази на собирање впечатоци, иако нема што да се соберат, тоа е тоа што е.

Еве, оваа комеморација ме врати на старата приказна. Ниту се чувствувам добро, ниту ми е пријатно – започна Фута, а потоа додаде:

– Дојде време на реорганизација, сега со син ми сме сами. Има животни кои ни прават друштво. Животот се менува исто како што се менува ситуацијата во државата и светот, да се заштитиме од корона, јас веќе двапати ја имав.

Не сум особено загрозен, но бев надвор од колосек една година. Сега се опоравив малку и имам време да се посветам на моето здравје. Јас и Марина следната година ќе бевме во брак 40 години.

Зад него стојат неверојатни успеси, па песните што ги пишува се сметаат за евергрини на Балканот кои ги пееле Цеца, Зорица Марковиќ, Мира Шкориќ, Џеј, Харис Џиновиќ…

Необино е што и Милан, и неговиот брат Милош имаат слипчна судбина. И двајвцата си заминаа во декември, и двајцата го напуштија овој свет под не до крај разјаснети околности.

Медиумите пишуваат дека неговото безживотно тело било пронајдено на улица и дека причина за упкокувањето е прекумерна употреба на недозволени супстанци, исто како што се пишуваше и за неговоиот брат.

Растењето со моите родители беше како игра на мачка и глушец. Сите бевме сосема различни, но секогаш тука еден за друг. Никогаш не ја прифатив целосно загубата на брат ми, а ја прифатив кога првпат го сонував, седум-осум години по неговото заминување.

Тешко ми беше да се помирам со тоа. Сега сум во ред со тоа“, има изјавено Лаќа. тој признал дека на 15 години за првпат почнал да зема недозволени супстанци, а на 17 години имал сериозни кризи.

-Брат ми беше во таа приказна, па и јас. Имав фази да бидам чист, не, но желбата секогаш те влече, а јас не внимавав“, изјавил Лаќа.

Previous articleНа последното испраќање се појави вонбрачниот син на Михајловиќ – многу личи на него (ФОТО)
Next articleОткриени нозе и чорапи со чипка, се разубаве нашата позната актерка Амернис, вака никогаш не изгледала (ФОТО)