Home Live Елена Ристеска ја покажа мајка си- таа им е најголема поддршка на...

Елена Ристеска ја покажа мајка си- таа им е најголема поддршка на неа и на сестра ѝ откако го загубија таткото (ФОТО)

– Тешките мигови во животот те прават цврст како челик, издржлив, непобедлив, но и нетолерантен и посебичен“, има изјавено нашата позната пејачка Елена Ристеслка во една прилика, во едно интервју за Убавина и здравје.

-Затоа што сè дотогаш пред себе во животот гледаш една голема драма, драма која завршува во моментот кога ќе дојде најтешкиот дел од животот, тогаш паѓаат маските и остануваат покрај вас вистинските пријатели.

Почнуваш повеќе да си го цениш слободното време и да го поминуваш само со оние кои го заслужуваат. Едноставно, не губиш вееме на неважни работи и луѓе, затоа што веројатно забрзано созреваш, па се фокусираш само на приоритетните нешта во животот.

Мојот фокус во моментов се мојата работа и моите најблиски, така успевам полесно да направам дефокус од она на кое секој ден мислам, а тоа е загубата на татко ми“, изјави Елена во една прилика.

Според нејзините иницијали и името на покојниот татко Ацко, кој беше многу важен за неа, Елена Ристеска ја нарече својата козметичка линија, ЕРА.

Поп-ѕвездата исто како и колегите од светскиот шоу бизнис, има парфеми со свој потпис, машки и женски.

Загубата на твојот татко, претпоставувам, беше мошне тежок удар за тебе, но како и дали успеа да го преболиш неговото отсуство?

-Тоа не се преболува, едноставно, бол-ката те следи цел живот. Јас објаснив погоре дека целиот фокус кон работата и убавите нешта го гледам како намерен и исфорсиран дефокус од реалноста.

Бидејќи ако потпаднам под влијание на реалноста, односно на болката, тогаш ќе бидам пола човек“, кажа Елена за Убавина и здравје, а потоа кажа кој негов совет засекогаш ќе го памети.

-Ахххх… неговите совети не беа за ова денешно турбулентно време. Тој беше најдобриот човек на планетата. Ми велеше: „Елена, ако те удрат по образ, сврти им го и другиот”.

Затоа станав човек кој седи и чека да го удираат сите нешта и луѓе, скан дали, непријатели и не преземам ништо по тоа прашање, само си ја чекам правдата од Бога. Татко ми им имаше помогнато на милион луѓе, но и на таквите кои не заслужиле.

Се сеќавам дека на еден професор, кој му бил ноќна мора во средно училиште, му го вработи синот по многу години, но и никогаш не му кажал дека трпел неправда токму од него, додека бил во средно училиште, едноставно, му помогнал.

Имам чувство дека таков човек нема да се роди повторно. И криво ми е што ме воспита на негов начин, требаше да ме направи побезобразна и полоша, бидејќи таквите повеќе опстојуваат денеска.

Исто така, малкумина знаат дека татко ми, додека беше болен во постела, ме молеше да не објавувам ништо за разводот, иако веќе бев иселена и разделена од бившиот сопруг, уште во јуни 2015 година.

Бидејќи имавме поприоритетна фамилијарна задача – да го спасиме животот на татко ми, а не да се занимаваме со споредни работи во тие мигови и да предизвикаме нови скан-дали.

За разводот се објави многу подоцна, можеби една година дена откако бевме разделени, а во меѓувреме на целата таа болка и мака, бездушници искреираа ска-ндал кој дополнително ја растажи целата моја фамилија, и само ќе кажам – нека им служи на чест.

Таткото на Елена се упокои во октомври во 2016 година во октомври, а таа преку Фејсбук статус ги извести своите следбеници тогаш. За Фокус, на крајот од 2016 годоина, Елена раскажа колку таа година ѝ била и успешна, и тешка.

„Покрај наградите на МАРС и околу 15-тина успешни концерти што ги одработивме со мојот бенд и танчери годинава, оваа е најтешката година за мене и моето семејство, поради см-ртта на мојот татко.

Се уште живееме како да не се случи тоа, затоа што единствено така се негира болката и се обидуваме да живееме како што тој би сакал. Иако се повеќе и повеќе боли и недостига, ќе мора да научиме да живееме со реалноста“ – раскажува за „Фокус“ Елена.

Таа ја започна својата музичка кариера на шеснаесет годишна возраст, кога нејзиниот татко го потпишал договорот со М2 во нејзино име, бидејќи во тоа време таа беше малолетна.

А, тоа се случило птред точно 20 години, во 2002 година. Елена има сестра која се вика Драгица и е ликовен уметник и внука Делфина која како што неодамна Елена објави се занимава со танц.

-Внуката на тетка, Делфина, освои прво место во латино танци со својата група на “Christmas dance competition”. Завчера таа кај тета на концерт, вчера тета кај нејзе на натпревар.

Секогаш ќе ја имаш поддршката од нас, само ти танцувај безгрижно. Фамилијарно селфи, љубов најголема, внука, една е мајка“, напишала Елена.

Таа почесто објавува слики од сестра си, но поретко од мајка си и вакви фамилијарни, а мајка им им е најголема поддршка на неа и на сестра ѝ, по загубата на таткото.

Previous articleБожидар: Како изгледаше слава на времето
Next articleВрската на Сани Гроздановска веќе станува сериозна- со Никола романтично покрај камин, со вино… (ФОТО)