Home Live Изгледа како новогодишен подарок, нашата згодна пејачка го поремети Инста (ФОТО)

Изгледа како новогодишен подарок, нашата згодна пејачка го поремети Инста (ФОТО)

Младата македонска поп-пејачка Лина Пејовска, која со својот музички талент ја освои публиката не само во Македонија туку и во регионот, ја знаеме и како секогаш насмеана и весела девојка, која вредно работи на секој свој музички проект.

Но, таа е и студент на Европски универзитет – Скопје, каде што е запишана со цел да го надгради своето образование и да се стекне со диплома, која во иднина ќе ѝ помогне во кариерата.

Јавноста ја запозна најпрво преку српското шоу „Пинкови ѕвездички“, а потоа и преку хрватското шоу „РТЛ ѕвезди“, во кое на сцена се најде заедно со познатите Нина Бадриќ и Петар Грашо, со кого има испеано песна во дует.

Сепак, образованието, како што вели и самата, е битно за секој човек што сака да има успех во својата работа“, напиша Вечер прес за Лина. Таа е инаку една од најпопуларните на Инстаграм, со преку 67 илјади следачи.

-Како гледам на популарноста искрено не можам да кажам дека не ми годи, но сепак мислам дека популарноста не е пресудна, туку добрата песна е скалило плус кон успехот.

Тоа го покажува гледаноста на моите видеа и тоа е единственото нешто кое ме радува. Тука се нормално и медиумите (електронски и печатени) кои неизмерно го следат секој мој чекор и им благодарам за тоа“, изјави Лина за Хаштаг.

Лина Пејовска за себе вели дека е постојано ведра и насмеана, девојка која сака да се дружи, да гледа филмови, да црта и да прави сè што прават нејзините врсници.

Лина има нешто што ја издвојува од својата генерација – милионски хит. Нејзината песна „Ако ме сакаш” стана апсолутен YouTube хит и достигна над 1 000 000 прегледи.

-Инстаграм е местото каде сум најактивна, следам, постирам и ме следат. А, за тоа од каде имам повеке фанови од Македонија или надвор повторно ќе кажам дека поголемиот број се фанови надвор од земјава.

Но, и тоа не е важно, единствено ми е важно да се вистински и дека го сакаат она што го работам.

Тешко или лесно мора да се бориме за да опстоиме и секој да си го пронајде своето делче од просторот каде што припаѓа. Се надевам дека си најдов место на нашето музичко небо и ќе се трудам да останам подолго“, рече Лина за Хаштаг.

-Реткост е да се видат соработки на нашата сцена, а всушност тоа го прави уште поинтересен и креативен сечиј пат во музичката индустрија. Секогаш е отворена можноста за соработка со некој наш изведувач, па дури супер би било тоа да биде и женски дует, но сега за сега немам ништо такво на повидок.

Ја следам кариерата на секој артист и пејач, бидејќи едноставно ме интересира нивниот животен пат. Досега лично не сум се поврзала со ничија друга кариера, па појдено од таму, не можам да кажам дека постои такво нешто.

Секогаш се испирирам од својот професионален пат. Со сите мои доблести и маани, труд и работа, верувам во достигнување на мојата успешна кариера.

Мислам дека секој сака до себе да има квалитетен тим, професионален пред сѐ, на кого може да се потпре и да му верува. Најтешко е да ви се вклопат енергиите, да се читате и едноставно работата да ви е задоволство.

Со мене не знам дали е тешко или лесно, но знам дека во моментот имам тим кој е изграден на едно многу високо ниво на доверба. Кога станува збор за некои професионални ангажмани сестра ми е секогаш до мене.

Не дека ми е сестра, туку навистина на неа можам најмногу да се потпрам во такви моменти. Го следи секој мој чекор.

Таа навистина ми е најголема поддршка, генерално секогаш е во сенка и од неа ги добивам и најдобрите совети, критики и насоки“, кажа оваа пејачка за Црно-бело.

Лина на една од поновите слики кои ги објавила на Инста, изгледа како да не носи долна облека. Има мини сукња на која главен мотив е машна и е со многу длабок шлиц, и вака, таа изгледа како новогодишен подарок.

Лина добила доста комплименти и коментари под оваа слика како: топ, маче мое, лепотица, само така продолжи, во црно, а инаку изглда доста модерно со изборот на високи чизми и целиот стајлинг.

Previous articleСе подмлади Ленче Кукиќ, нашата пејачка неверојатно добро изгледа на оваа слика (ФОТО)
Next articleДарко Лазиќ ја игнорира мајка му- таа постојано плаче поради него, а пејачот криел од неа дека се оженил