Home Live Марија Пијанманов откри дали би се вратила во Македонија и зошто НЕ...

Марија Пијанманов откри дали би се вратила во Македонија и зошто НЕ (ВИДЕО)

Марија Пијанманов која живее во Париз, многу често, заедно со нејзиниот сопруг снимаат видеа и поставуваат фотографии, претставувајќи ги убавините на градот на светлината.

Марија многу често, знае да влезе и во конфликт на социјалните мрежи, со многумина кои во коментари и упатуваат непристојни зборови и ја омаловажуваат.

Марија учествуваше во емисијата на Снеже Велков, „ЗаСе Македонија“ и кажа зошто ја прифатила оваа понуда:

-Коко е во Париз и тој беше всушност иницијаторот да дојдам во емисијата. Јас нели се договаравме долго време, но одбивав да присуствувам во емисија во Македонија.

Веројатно сум многу поинтересна отколку што јас самата се доживувам, затоа што сум многу природна личност, спонтана, искрена и мислам дека тоа ги иритира луѓето.

Веројатно ги иритира тоа што си многу свој и што не треба да глумиш за да бидеш среќен, туку тоа го правиш веројатно од срце, од душа и тоа кај некои луѓе, можеби предизвикува иритација, дека не им успева, а мене ми успева.

И веројатно сум заради тоа некоја сензација, која што ако се појави на ТВ или на интернет, создава бурни реакции.

Значи, Коко рече дека можам да дојдам во емисија, ве поздравува сите, тој е во Париз. Овде сум по негова иницијатива,“ рече Марија, па рече што мисли за коментарите на луѓето или дали ѝ е гајле, што всушност беше темата кај Снеже во емисија.

-Види, овде се случува еден феномен да луѓето да мислат дека центарот на светот е Македонија. Јас сум светски лик, јас не живеам во Македонија и тоа што јас го правам или го комуницирам, го правам во Франција, во Париз, каде што живеам со сопругот.

Значи, имаме свој дом таму. Јас можам таму да правам што сакам. Значи, јас сум во градот на слободата, а кипот на слободата, оригинално е во Париз.

Aко на некого му се допаѓаш во Париз, ти доаѓа и ти го кажува тоа. Јас добивам многу комплименти, да се каже, сум и една фаца, кога ќе се појавам на тие џет-сет места.

Што јас не ги сакам како џет-сет да ги нарекувам, си ги нарекувам како малски кафичи. Кога живееш во таква средина, не го гледаш така светот, како тоа да е леле што, туку ти е секојдневие.

Јас не зборам дека баш ми е гајле, ниту терам нешто по свое, туку живеам еден убав живот, светски. Не е тоа, баш ми е гајле, мислам не го разбирам тоа.

Јас живеам во една најубава средина во светот, Париз е најубавиот град, значи јас не живеам баш ми е гајле, јас живеам перфектно, совршено.

А тие што живеат баш ми е гајле, имаат замерки на тој живот, го правам да биде интересен за мене.

Јас не изигравам ѕвезда, туку така живеам приватно. Во Париз се напишани човековите права и декларацијата за човековите права.

Таму не се кршат тие, тоа е многу страшно, значи тоа е сосема друга галаксија. И зошто би размислувала на кој му угодувам или не, немам зошто, рече Марија.

Снеже Велков го праша актерот Стефан Николовски, кој исто присуствуваше во емисијата и е познат по тоа што ги имитира некои славни личности во Македонија, на шеговит начин.

Го праша, дали одел со тоа, „Баш ми е гајле кој што ќе ми каже, јас ќе си продолжам со имитиации и дали некој од тие што ги имитираше, ти се јави, Талат на пример, Апасиев..?“

-Не, никој не ми се јави. Од некои извори знам дека ги гледаат, знам за Апасиев дека ги гледа и дека не е океј со тоа.

Само со Марија си имаме пишано.

Марија се надоврза на разговорот и рече: „Јас го раскажав тоа, дека Марија Шерифовиќ ја споредив со него и реков јас ќе те измитирам тебе и го тагирав кај мене на стори.

А тој беше толку доблесен што го сподели тоа што јас го тагирав. Значи, он мене ми даде една чест да ме измитира, јас го шернав тоа што ме измитирал, значи го охрабрив како имитатор дека е добар.

Млад човек, кој што е успешен на своите имитации. Но, веројатно и јас сакав да бидам еднаква на тоа што он се шегува, па и јас се пошегував. Разменивме една интернер игра,“ заврши Пијанманов.

Во еден момент, во студиото пристигна прекрасен букет со цвеќе, а водителката Велков рече дека сопругот на Марија, Плевнеш, го испратил специјално за неа.

Пијанманов беѓе воодушевена:

-Ова е Парис, ова е се тие манири, ова е мојот сопруг кој е расте и воспитуван во таа средина. Еве зошто нема да се вратам во Македонија од Парис.

Освен тоа што сега имам документи, медикал кард и постојана адресам, јас во Парис сум позната и се движам во елитни кругови. Таму ми е убаво и засега не би се вратила, одговори Марија на прашањето дали би се вратила да живее во Македонија.

Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleМилена упати специјална порака до Ване: Решив вака преку видео- те сакам многу
Next articleЗаводлива во син фустан со шлиц- Миланка Рашиќ се опушти и е сè поубава и поубава (ФОТО)