Home Live Милена упати специјална порака до Ване: Решив вака преку видео- те сакам...

Милена упати специјална порака до Ване: Решив вака преку видео- те сакам многу

Медиумкте изминатове месеци пишуваат дека по шест години поминати во комплексот „Џевахир Скај сити“, од каде што редовно објавуваше фотографии, водителот Ване Маркоски реши да го смени местото на живеење.

Маркоски се пресели во Сопиште, и вели дека ужива во мирот и во тишината на своето ново маало, и сега од таму шернува сториња како во мир си го пие своето утринско кафе.

„Многу ми беше лесно да се одлучам на ваков чекор. Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот. Ми беа потребни мир и тишина.

Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица. Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште.

Доволно беше само една посета таму. Мирот и спокојот ме освоија од прво гледање и знаев дека е тоа тоа“, раскажал Ване во интревју во Женски магазин и потоа дополнил:

– Ако зборуваме од аспект на тоа што ми беше потребно за мир во душата, да, помирно е, иако не велам дека секој сака да е понастрана од градот. Почист воздух, планина, тишина, тоа знам дека ми треба.

За останатите материјални аспекти, секаде може да биде исто или различно, во зависност од тоа каков живот живееш“, вели Ване.

„Мислам дека беше 2009-та кога од Тетово се преселив во Скопје, таман кога требаше да запишам трета година на факултет.

Случаен сплет на околности да дојдам во Скопје, и ете да останам скоро 13 години. Прво живеев во Кисела Вода, па Карпош, Аеродром, Центар. Во овие населби се „врткав” сите тие години до 2017-та“; открил водителот.

-Убави години, цимери, преселби, искуство. Не е малку време. Уште малку скоро половина од досегашниот мој живот“, се присетил водителот од Македонската радио телевизија.

Познато е дека добра пријателка на Ване му е Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5. Ване и Милена се блиски уште од времето кога работеа заедно во оваа телевизија, а и сега поминуваат заедно доста време.

Милена во една прилика на својот Фејсбук профил објави интересен статус за тоа како се чувствува:

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно.

Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место. Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже“.

Ване и Милена знаат од време на време заедно да уживаат во излегувањата. Ване објави слика со својата пријателка, и двајцата тип-топ дотерани, како уживаат со коктели во еден скопски бар.

На оваа нивна слика, реагираше нивната колешка Бубе Јаневска- Ивановска од Канал 5 која со емотикон им порача да уживаат. Денес, Ване слави роденден, и Милена со видео на Инста стори му честиташе на специјален начин:

-Со Ванче имаме многу слики, и не знаев која да ја одберам за да ти честитам роденден, затоа решив вака, преку видео.

Те сакам многу, ти посакувам да си жив здрав, најсреќен, најуспешен, и повеќе да се гледаме во 2023.

Имај најубав ден, и среќен роденден“, му посакала Милена на Ване, а тој ова стори го нарекол: Една од личностите со посебно значење во мојот живот и го реобјавил на неговиот профил.

Previous articleДарко Лазиќ ја игнорира мајка му- таа постојано плаче поради него, а пејачот криел од неа дека се оженил
Next articleМарија Пијанманов откри дали би се вратила во Македонија и зошто НЕ (ВИДЕО)