Home Live На последното испраќање се појави вонбрачниот син на Михајловиќ – многу личи...

На последното испраќање се појави вонбрачниот син на Михајловиќ – многу личи на него (ФОТО)

Во петокот, светот го обиколи веста за упокојувањето на еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на сите времиња, Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ во последните неколку години се бореше со леукимија, неколку пати беше објавено дека успешно се изборил, но болеста се враќаше, а последниот пат за жал заврши на најнепосакуваниот начин.

Блескавите успеси на Синиша Михајловиќ, познатиот фудбалски ас и стручњак, денеска се наредени пред нашите очи и се сеќаваме на неговата големина и вечна кариера.

Семејните вредности беа работи кои Синиша го правеа најсреќен човек на светот.

Деталите од приватниот живот кажуваат многу за него како личност. Синиша Михајловиќ кој се упокои на 16 декември на 54-годишна возраст по долга и тешка борба со леукемијата. Таа вест предизвика лавина тага во Србија, регионот и светот.

Синиша Михајловиќ на ќерката името и’ го дал по мајка си, а на синот, по кумот Мирослава Тањга.

Срцето на Синиша Михајловиќ беше полно со љубов. Тој можеше да ги покаже своите емоции кон драги луѓе на прекрасни начини. Така тој ја покажа љубовта и почитта кон својата мајка Викторија со тоа што на ќерката и го даде нејзиното име.

Тоа бил чин кој предизвикал голема среќа и гордост кај неговата мајка. Славниот Миха на ист начин покажа колку големо пријателство имал со својот пријател, кум и брат, Мирослав Тањга.

Михајловиќ и Тањга не беа браќа по крв, но беа браќа по срце. Синиша на својот син Мирослав му го дал името на пријателот, а потоа на ист начин му возвратил и Тањга.

,,Синиша и јас бевме како браќа. Кумови бевме еден на друг. Неговиот син го носи моето име, а мојот син, името на Синиша.

Тој секогаш ќе остане тука, за мене Синиша не е мртов. Се гледавме и слушавме постојано”, изјави Миросав Тањга, кој има три деца со сопругата Радмила.

„Тренер станав откако ја завршив играчката кариера во Мајнц во 1999 година. Прво бев скаут две години потоа спортски директор на Војводина, а потоа почнав да работам со Синиша.

Немам тренерска кариера, но факт е дека играв со неколку фудбалери кои станаа големи тренери. Освен Михајловиќ, тука е и Клоп со кој играв во Мајнц и Нико Ковач, мојот соиграч во Херта” – додаде Мирослав.

На последното испраќање на Михајловиќ, се појави и неговиот вонбрачен син.

Коментарите на многумина беа дека тој многу личи на својот татко!

Previous articleИрена Спасовска со оваа Баба Мразица слика ги падна од столче сите – дали е ова најдобрата зимска инфлуенсерска фотка? (ФОТО)
Next articleДвата сина на Марина Туцаковиќ имале иста судбина, се упокоија во ист месец, а еве што откри Лаќа за брат му пред да се упокои