Home Live Откриени нозе и чорапи со чипка, се разубаве нашата позната актерка Амернис,...

Откриени нозе и чорапи со чипка, се разубаве нашата позната актерка Амернис, вака никогаш не изгледала (ФОТО)

-Кога спремам една улога давам се од себе или поточно речено копам длабоко во себе да најдам сличности, некогаш ги наоѓам но некогаш не, тогаш комотно си позајмувам некој лик од моето опкружување, некој лик што не е познат, со тоа што го приспособувм, така што секако дека е тоа дел од мене и нема бегање.

Ова го изјави во едно интервју за Фешнел нашата позната актерка Амернис Нокшиќи, која игра во албанскито театар, има две ќерки и му е сопруга на новинарот Борјан Јовановски.

Амернис Нокшиќи знае секогаш да направи успешен баланс во изгледот во зависност од потребите на настанот на кој се појавува.

Ја обожава црвената боја и воодушевува со секоја појава на црвените килими.

-Би лажела доколку кажам дека наградите не ми значат, секогаш се добредојдени бидејќи се дополнителна мотивација да одам напред, но не секогаш се меродавни. Понекогаш некоја улога бара голема ангажираност и е позитивно прифатена, но ете да не е наградена.

Сакам да носам фармерки, хеланки и кошули. Сакам да експериментирам со шминка и фризура само кога имам сликање. Приватно го негувам едноставниот изглед. Не сакам да излезам од рамките на тоа што сум јас и да носам парчиња кои не ги сакам.

Јас имам изградено свој стил и не е важно дали изгледам модерно или не, бидејќи удобноста ми е секогаш во прв план. Не сакам да бидам унифицирана“, рекла Амернис во Фешнел за својот добар изглед и додала:

-Во моментов не правам ништо, туку е генетиката е во прашање. На козметичар не одам. Сум била неколкупати и сум рекла повеќе не.

Немам проблематична, туку чувствителна кожа и затоа мојата козметичарка кога бев бремена со првото дете ми правеше специјална крема бидејќи ниту една друга не ми одговараше.

Имам доверба во неа односно во козметичкото студио, но реално немам потреба од третмани. Се случува понекогаш да ставам само маска на лицето и тоа е се.

Се чувствувам удобно во сопствената кожа и сметам дека брчките се дел од нас и дека говорат доволно за нас. Не знам колку сте забележале, но моментално по градот се шетаат девојки кои личат една на друга, со зголемените усни, со затегнатите очи и дигнатите јаболчници.

Подржувам правење на естетски промени доколку се навистина неопходни и доколку придонесуваат во подигнување на моралот, но сепак природниот изглед е незаменлив.

Во последно време поретко ги користам, некако се заситив од нив. Не тврдам дека нема пак да ги носам модните додатоци. Ги обожавам винтиџ парчињата, а многу често ми се случува да купам некое парче, но да не го носам. Н

Не сум голем шопохоличар. Кога ќе видам нешто што ми се допаѓа го купувам, но не губам саати во талкање од еден во друг бутик. Многу често се случува да заминам на шопинг во Солун, но да не купам ништо.

Актерката како што погоре напишавме е е во брак со новинарот Борјан Јовановски, со кој има две прекрасни ќеркички Бора и Каја.

Успешно се снаоѓа во улогата на мајка и сопруга, па добро се координира во одвојувањето на слободно време за најблиските бидејќи нејзината и професијата на Борјан немаат фиксно работно време.

-Се трудам да си го организирам времето за да можам да ги завршам сите обврски пред 15 часот за потоа да можам да се посветам на домашните обврски и семејството.

Бидејќи работата во театарот нема фиксно работно време се случува да бидам зафатена од сабајле, па повторно попладне, некогаш се случува да останеме на проба и до доцна во ноќта, но за среќа тоа не се случува често„; изјавила Амернис.

Амернис објавила свиоја нова слика, на која изгледа како филмска дива, а сликата е од претстава.

Амернис носи долг фустан, но откриени ѝ се нозете, и се гледаат чорапите со чипка кои ги носи, а оваа наша позмата актерка никогаш поубаво не изгледала.

Previous articleДвата сина на Марина Туцаковиќ имале иста судбина, се упокоија во ист месец, а еве што откри Лаќа за брат му пред да се упокои
Next articleДоктор Горан од Германија ги израдува нашинците: Дадов отказ во болницата – ќе се врати ли во Македонија