Home Live Се подмлади Ленче Кукиќ, нашата пејачка неверојатно добро изгледа на оваа слика...

Се подмлади Ленче Кукиќ, нашата пејачка неверојатно добро изгледа на оваа слика (ФОТО)

Во една прилика, за нашата позната пејачка Ленче Кукиќ која е една прекрасна и шарматна дама, порталот Фешнел напиша: За некои луѓе велат дека се родени под мила ѕвезда. Луѓе светлина со душа планина.

Луѓе кои секој ги посакува во свое друштво заради нивната топлина која за жал сѐ повеќе ни недостига, а токму поради тоа е сѐ повредна. Луѓе како Ленче, како Горан Кукиќ. И како пар и како индивидуи, тие имаат нешто што не може ниту да се одглуми ниту да се купи.

Токму таа човечност која секаде ги следи заедно со нивниот раскошен талент, кој публиката не заборава да го награди. Повеќе од три децении и двајцата партнери и дома и на сцена, ни ги галат и лечат душите со нивната музика.

Нивниот син Иван, им се придружи на нивната професионална патека, но веќе како изграден музичар полека разгазува нови патеки кои го носат до светската сцена како дел од триото на Влатко Стефановски.

– На почетокот на годината добив една убава новогодишна честитка. Тоа што го очекував веќе две години. Една прекрасна песна со исто толку убав наслов, „Бисер”. Од оваа дистанца, критиките се навистина позитивни и токму такви се и моите очекувања.

После две години пауза, конечно се надевам дека преку оваа соработка убавата музика ќе се врати во фокусот“, кажа Ленче во интервјуто за Фешнел кое излезе за осми март оваа година. Потоа, го спомена искуството со „Никад није касно”, и каква емоција ѝ буди?

– Прекрасни спомени… Токлу убави емоции, што дури понекогаш посакувам да се врати 2019-та година кога победив, за повторно да ги почувствувам.

Таму осознав вредности, кои можеби кај нас се изгубени.

Се вреднува пејачот, неговиот талент, се вреднува песната по највисоки критериуми. Барем тоа е моето видување и моето мислење. Лично за мене „Никад није касно” е едно богато искуство во смисла на комуникација со врвни професионалци кои си ја знаат работата, организација на највисоко ниво…

Воодушевувачка сцена, сето тоа во еден прекрасен амбиент со публика и огромна гледаност со аудиториум од неколку милиони луѓе. Благодарна сум на можноста да искусам еден таков квалитетен проект со импозантна сцена на која повторно би се вратила.

Јас го добив тоа што го сакав од нашата публика, која секогаш имала повеќе позитивни реакции во однос на мојата работа, отколку негативни.

Со нашата професија ние сме сепак во една среќна околност, пееме за убаво, за љубов, за среќни моменти.

Мене во животот ме води една парола, дека еден човек не може да биде ниту семоќен ниту совршен. Јас секогаш давам сѐ од себе и никогаш не се сомневам во моето дадено, затоа што е дадено со душа и со целата моја енергија.

Свесна сум дека ниту еден ден нема реприза и затоа јас кога пеам, се давам целосно. Затоа секогаш верувам во моето дадено, иако секогаш може да налета на луѓе кои и од тоа нема да бидат задоволни.

Секогаш гледам на позитивната страна, иако ги почитувам и негативните критики бидејќи врз основа на тоа може некогаш да ги спознаеш твоите грешки.

Горда сум на моето семејство. Среќна сум што и мојот син Иван исто така се посвети на музиката, а во исто време сум среќна што го делам мојот живот со Горан. И тројцата ја делиме истата страст кон музиката, па ќе кажам и истите проблеми во врска со нашата работа.

Кај нас дома сѐ е музика. Реални сме и надвор и дома, но музиката секаде нѐ следи. Но, нормално, се случува некогаш кога сме уморни да сакаме да поуживаме и во тишината.

Но, тоа се само исклучоци. Нам душата ни е полна со музика. Како семејство така сме создадени, едноставно животот ни е музика.

– Иван е едно прекрасно момче со кое и јас и Горан се гордееме како родители. Тој има веќе 25 години и е возрасен дечко кој веќе одлучува сам за себе. Ние за него сме секогаш тука и како помош и како поддршка, но тој понатаму сам го гради својот животен пат.

Веќе го привршува факултетот во Белград, а веќе три години е дел и од триото на Влатко Стефановски. Навистина се радуваме што патот го однесе до нашиот музички виртуоз и е во вистинските раце, кај вистинскиот учител.

Ние сме сосема спокојни и сигурни кога Иван настапува со него. Инаку Иван веќе почнува да гради и своја кариера, така што патот пред него е отворен. Сега многу често се случува дури и тој да ни помага нам околу студиото, песните…

Имаме една прекрасна релација и горди сме на него“, кажала Ленче за својот син. Таа, на една своја најнова слика е со својот стилист, Паланков Ване и напишала: Рано наутро сме спремни, а на сликата одлично изгледа, нашминкана и стокмена, но и неколку години помлада.

Previous articleВрската на Сани Гроздановска веќе станува сериозна- со Никола романтично покрај камин, со вино… (ФОТО)
Next articleИзгледа како новогодишен подарок, нашата згодна пејачка го поремети Инста (ФОТО)