Home Live Врската на Сани Гроздановска веќе станува сериозна- со Никола романтично покрај камин,...

Врската на Сани Гроздановска веќе станува сериозна- со Никола романтично покрај камин, со вино… (ФОТО)

Сања Сани Гроздановска потекнува од најдуховитиот град во Македонија, како што велат постарите, тоа е градот Куманово. Темпераментна е и си ја сака својата професија. Досега има снимено голем број на песни, дуети и видео спотови.

Фолкерката Сани пред неколку години беше актуелна кога ја врзуваа со Аца Лукас, а таа в Бекстејџ, За шушкањата за наводната аф еpа со Аца Лукас, еве што кажа.

– Аца Лукас беше воодушевен од моето пеење, не му се верувало дека гледа за првпат во Македонија некој да е комплетен пејач, не сум го освоила на љубовен план како што се пишуваше, разговаравме за песни и за музика“, раскажа тогаш Сани.

-Од малечка знаев дека ќе бидам пејачка, отсекогаш пеев со парфеми кои ки служеа како микрофон. Напроно е кога настапувам цела недела, напорно е, ама уживам во својата работа и не се жалам“, рече тогаш Сани.

– Имало многу непријатни ситуации за време на моите настапи, но знам како да се справам со нив бидејќи не сум од вчера во овој бизнис, туку веќе десет години сум, и многу добро знам што да направам.

Знаат да кажат ајде да излеземе, па колку шари бараш за една вечер, меѓутоа тоа е се љачко однесување. Моментално немам ништо корегирано на себе, се е природно“, рече Сани во истото интервју.

На Сани секоја вечер ѝ е турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија.

Фолк пејачката важи за една од најбараните, но пред извесно време таа веројатно ги потроши батериите и заврши во болница.

На социјалните мрежи Сани објави фотографија легната на болничкиот кревет, но со насмевка на лицето, па дури и шминка. „Епа и ова се дешава“- напиша Сани во описот на фотографијата.

– Имам многу желби за Новата година, но најголемата ми е да заминам на некоја турнеја или Америка или Австралија, и јас малку да прошетам (се смее).

На прашањето кое ѝ го поставиле од порталот Музика 24: Која е новогодишната порака која би ја упатила до твоите фанови, а воедно и читатели на музичкиот портал Музика24, Сани одговорила: Живејте го секој ден како да е последен!

Пред неколку месеци пишувавме дека Сани си фатила нов дечко. Всушност, прво Сани објави слика во бикини дека е во Швајцарија и дека се бања во базен.

Претходно, на големо се пишуваше дека таа се развела ид својот вторс сопруг, Мартин.

Па на наредното стори, можеше да се види дека Сани бакнува некој маж, додека на третото, новиот дечко на Сани објави слична фотографија како ја бакнува нашата фолкерка.

По неговиот профил, кој е затворен може да се види дека новиот дечко на Сани се вика Никола, а во описот на неговиот профил му пишува дека е генерален менаџер на хотел со спа центар во Швајцарија.

Никола Урдаревиќ е нашинец кој живее во Швајцарија и на неговиот профил стои дека е менџер на спа хотел во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.

Сани често објавува слики како ужива во овој хотел, а неодамна ги однесе и ќерките таму на викенд. Нашата згодна фолкерка се почесто објавува слики од својот дечко, што значи дека врската станува сериозна.

Сега, Сани и Никола, гушнати покрај камин, уживаа во чаша бело вино и си наздравија во оваа зимска романтика со новогодишно украсување околу нив.

Previous articleЕлена Ристеска ја покажа мајка си- таа им е најголема поддршка на неа и на сестра ѝ откако го загубија таткото (ФОТО)
Next articleСе подмлади Ленче Кукиќ, нашата пејачка неверојатно добро изгледа на оваа слика (ФОТО)