Home Live Заводлива во син фустан со шлиц- Миланка Рашиќ се опушти и е...

Заводлива во син фустан со шлиц- Миланка Рашиќ се опушти и е сè поубава и поубава (ФОТО)

Миланка Рашиќ е повеќе од две децении познато ТВ лице. Кариерата ја започна како водителка на бројни емисии за танц, филм и музика на МТВ, а беше дел и од фестивалските сцени на „Макфест“, „Скопски фестивал“, „Интерфест“, „Браќа Манаки“, „МАРС“, „Езерски бисери“, „КС Денс“.

Коментатор е на најголемите ТВ настани: доделување на Оскари, Греми, Евровизија, Европските филмски награди, Сан Ремо, Мис на светот. Таа е една од првите која правеше интервјуа со ѕвезди како Хулио Иглесијас, Синди Крафорд и Џони Логан.

Беше судија во првата сезона на „Танц со ѕвездите“. Во 2004 година, ја отвори агенцијата за Тв дистрибуција и производство „Миракс“ и соработувала со речиси сите домашни телевизии.

Јавноста често ја коментира појавата на Миланка како секогаш иста. Младешкиот изглед и дух, таа вели дека ги негува со здрав живот, а и помага и генетиката од нејзините родители.

-Долги години од кариерата во МТВ, бевме неколкумина водители и презентери многу често пред камерите. Еве ќе ги издвојам презентерите на вести, Александар Деловски и Борче Николовски.

Радиофоничен глас, совршена дикција, професионално однесување, почитување на публиката, на сето ова ме асоцираат нивните имиња. Имаше систем на вредности, се знаеше кој може, а кој не може да е пред камера.

За мене е единствено прифатливо да се работи на тој начин. И сега има професионалци во повеќе телевизии, но, поретки се. Систем на вредности скоро и да нема.

Не можам да разберам зошто се на телевизија некои луѓе кои зборуваат на скопски или друг дијалект, не внимаваат на јазикот, неразбирливо зборуваат, немаат речник и не умеат да се изразат, луѓе кои не ги почитуваат гледачите, не се подготвуваат за разговор со гостите или им фали половина азбука.

Моќта на телевизијата е огромна, а со тоа и одговорноста на сите ТВ лица. Искрено, многу ми значи кога ќе ми кажат дека сум им била пример,“, рекла за Женси магазин Миланка, а потоа раскажала за Евровизија:

-Сите имаа нешто специфично, тешко е да се издвои еден. Бирмингем во 1998 година беше посебен, зашто беше последниот Евросонг со оркестар во живо и прво учество на Македонија. Стокхолм 2000, беше фасцинантен по иновативноста во преносот и целата организација.

Во Копенхаген во 2001, имаше рекордно многу публика, скоро 20.000 и го паметам тоа неверојатно чувство, од огромните аплаузи и овации трепереше целата коментаторска кабина која беше на првиот кат.

Рига во 2004 година, ја паметам по ерупцијата на среќа во публиката по победата на Турција и Сертаб Еренер и по најљубезните луѓе во организацијата. Истанбул следната година ги фасцинираше сите од првиот ден и свеченото отворање со забавата на Босфор, извонредниот пренос.

А, за нас беше посебен поради настапот на Тоше Проески. Белград 2008 е посебна приказна. Бевме со Тамара, Врчак и Адриан, а јас како шеф на делегација и коментатор.

За песната „Во име на љубовта“ имаше одлични реакции, ја снимивме на повеќе јазици, имавме одличен спот.

И бевме десетти во полуфиналето, значи требаше да влеземе во финале. Е ама во тие 2-3 години ЕРДУ ги менуваше правилата. И само таа година и уште една, важеше правилото дека 9 од 10 песни од едно полуфинале влегуваат во финале од гласовите од публика, а последната од жирито.

Така наместо нас влезе Шведска, односно Шарлот Нилсон, за која, како победничка на Евросонг во 1999., ќе беше страшно да не влезе во финале и ќе ставеше крај на кариерата.

Евровизијата во Москва беше грандиозна и се течеше беспрекорно, го памтам моментот кога претседателот Путин ненајавен дојде на генералната проба да си провери со свои очи дали е сѐ во ред“, открила Рашиќ.

– Пред некоја година, за време на преносот ми снема сигнал на мониторот во студио. Тоа значи дека немаше слика, туку само тон од преносот од Оскарите. Јас продолжив да коментирам и не спомнав ништо пред гледачите.

Мавтав, се трудев да ме забележат во режија, ама тие загледани во преносот, плус си гледаат кога е време за рекламен блок за да го подготват и никој не ме забележува мене како мавтам. Така коментирав неколку минути кои ми изгледаа како вечност“, кажала таа за Оскарите кои ги коментира.

На едни од поновите слики кои Миланка ги обајви, а биле сликани во студио, во Македонската радио телевизија, таа изгледа ептен згодна и заводлива. “Во кадар”, се вика емисијата која ја води Миланка, а се емитува на МТВ1.

-Зборуваме за Европските филмски награди во Рејкјавик, актуелни филмови (“Pokerface” со Расел Кроу), 60 години од култниот филм “Како да се уб-ие подбивната птица” со Грегори Пек.

Се потсетуваме на рокенрол ѕвездата Џери Ли Луис, актерката Кирсти Ели и композиторот на музиката на “Твин Пикс” Анџело Бадаламенти“, напишала Миланка во описот на објавата.

А она што може да се забележи, е дека носи елегантен син фустан, ама со шлиц и овој модел и боја супер и стојат. Миланка е како виното, што е повозрасна тоа е поубава.

Previous articleМарија Пијанманов откри дали би се вратила во Македонија и зошто НЕ (ВИДЕО)
Next articleБлага Петреска упати силна порака за луѓето кои живеат во туѓина- раскажа за тажната судбина и плачот на мајката