Home Live Бубе од Канал 5 искрено кажа од што се срамела, што ѝ...

Бубе од Канал 5 искрено кажа од што се срамела, што ѝ пречело кај неа па го покривала, а еве како изгледа на најновата слика на Фејс (ФОТО)

Една од најубавите жени меѓу познатите личности кај нас, презеентерката Бубе Јаневска- Ивановска е среќна што ја остварила својата зададена цел, да се ослободи од килограмите кои ѝ пречеле.

Бубе на својот Фејсбук профил изминатиов период ги објавуваше резултатите од слабеењето и во една прилика напиша дека нејзината среќа само жена може да ја разбере.

Мотивот за оваа одлука вели Бубе, е нејзиното незадоволство од тоа како изгледала, по што почнала да се сокрива зад широка облека и да се закопчува до грло. За „Женски магазин“, таа во една прилика ја раскажа целата приказна.

Веројатно, нема подобра причина од чувството дека не ти е удобно во сопствената кожа. И секој од нас, претпоставувам дека има точка до која оди ,,надолу”, а потоа се буди и решава да ги смени нештата. Така и јас.

Тоа што бев незадоволна како изгледам ми донесе ниска самодоверба, затворање во себе, некаков револт којшто не знаев како да го контролирам и како да се справам со него. Потоа гардеробата…

Стилот кој го негувам, како растеа килограмите, така исчезнуваше. Почнав да се затскривам зад поширока облека, да се закопчувам до грло, да избегнувам да носам дури и штикли.

И наоѓањето соодветна позиција пред тв камерите каде што нема да се познава вишокот почна да ми станува секојдневна преокупација, па дури и да ме фрустрира. Тоа едноставно не бев јас.

Откако знам за себе, никогаш не сум имала проблем со килограмите, ниту, пак, некогаш сум држела диети. Сум имала идеална тежина која со плус, минус 1-2 кг сум ја одржувала без многу мака.

Но, во текот на бременоста отидов многу во плус со килограмите кои по породилниот период ги минусирав близу до моите идеални. И оттука мислам дека започна се`.

Увидов дека можам лесно и брзо да се ставам во ред и почнав многу да не внимавам.

Понекогаш знаев да ,,дигнам рачна,, и да речам доста е, но резултатите никако не доаѓаа. Се обидував со се` и сешто, но не ми успеваше. Ќе ме мотивираа изгубени 2-3 кг, но всушност, повеќе ме залажуваа и си дозволував да ,,паднам” пред искушенија на слатки, нездрава и брза храна.

Читав, барав решенија, истражував, се прашував кому да се обратам, дали да побарам совет од професионалец, каков начин на исхрана ми е соодветен. Многу дилеми, многу прашања, но бев цврсто решена да сменам нешто.

Почнав да разгледувам и се појави една Фејсбук страница на која видов неверојатни резултати, поткрепени со фотографии, со бројки од изгубени килограми. Бев позитивно изненадена од тоа што го споделуваа луѓето.

На две недели губеле по 2-3 килограми, па и повеќе. Тоа што го видов беше доволна мотивација за да го наравам првиот чекор. Искомуницирав со Емилија Спасовска – Мојсовска.

Првото прашање што ѝ го поставив беше дали ѝ е специфична програмата за исхрана, во смисла дали клиентот мора да се придржува на планот или има право да каже дека тоа и тоа не го јаде, да не се става во мени.

Кога добив потврден одговор дека клиентот во нејзиниот прашалник може да запише која храна не ја јаде и врз основа на тоа ја создава програмата, знаев дека ја имам добитната комбинација“, изјавила таа.

Во една прилика, Бубе во интервју за vipheart.mk, одговрорила- која карактерна особина кај човекот сметате дека е најпреценета?

– Добрите карактеристки одамна веќе се мана, за жал и тоа е она што ме вади од кожа. Не може користољубивоста, нечесноста, лагата, лицемерието да биде вредно и важно. Се дури на овие работи луѓето гледаат како на доблести, никогаш нема да биде од нас општество со вистински вредности.

На прашањето: На кого најмногу му се воодушевувате?, таа исто така била искрена и дала одговор дека тоа е личност која повеќе не е меѓу нас:

– Мојата мајка која, за жал, не е повеќе со нас. Таа беше мојот херој, таа ме научи да бидам силна и храбра, таа ме воодушевуваше секојдневно со својата смиреност, остроумност, цврсти одлуки, безгрешни совети… Но, Бубе, исреноз борувала и за своите маани- недостатоци:

„Сите имаме свои физички недостатоци кои успешно или не умееме да ги скриеме. Порано не носев собрана коса затоа што мислев дека едното уво ми е клемпаво, па со годините сфатив дека се само луди млади години“.

Сега, како што поминуваат годините, таа е се поубава и поубава, за што сведочи и новата слика која ја објавила на Фејсбук, со прекрасна шминка, но и без шминка, Бубе држи до себе и природната убавина доаѓа до израз.

Previous articleДоктор Горан од Германија ги израдува нашинците: Дадов отказ во болницата – ќе се врати ли во Македонија
Next articleОва е братот на Марјaн Коцев, Коки- еве како двајцата си уживаа на раат и што посака Марјан од него