Home Live Елена од Сител облече краток фустан, ги стави рацете на половина и...

Елена од Сител облече краток фустан, ги стави рацете на половина и раскажа за своите скриени желби: Драг Дедо мраз… (ФОТО)

Една од најубавите наши водителки и омилена на гледачите, Елена Стојановска е дел од тимот на Утринската програма на Тв „Сител“. Нејзин заштитен знак е насмевката и фризурата за која вели дека не сака да ја смени со години.

Мајката на десетгодишната Ина, во една прилика за Женски магазин раскажа за своите ритуали за убавина, како ја негува косата, како се грижи за топ формата и ги откри сите нејзини мали тајни.

– Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа.

Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика. Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага.

Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување.

Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи.

Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи. Ако имам желба да го освежам лицето одам на дерматолог еднаш во годината. Во салон сум најчесто за масажи или за средување на ноктите кај моите пријатели „Спектра наил бар“

Сакам долга коса и тоа е тоа, имам иста фризура со години, варијантите се само дали шишките ми се малку подолги или покуси.

Линијата за коса на Inebrya & Alterego на Silk solutions е мој избор и тоа онаа за долга но сјајна и здрава коса. Ги менувам нивните производи во лето и зима, ама се држам до брендот“, рекла Елена.

ТВ лицата се секогаш пред камери, со шминка, и повеќето водителки велат дека би сакале да се одморат од шминката кога не се пред камерите, а Елена на овој начин одговорила на прашањет: Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

– Искрено, најчесто сум без шминка. Веднаш по емисија затоа што имаме тешка телевизиска шминка гледам да ја отстранам, премногу ми е сценска за така да се шетам.

Приватно, сакам да го прикријам заморот на лицето и да изгледам свежо, а сакам и да ги истакнам очите“; рекла Елена. За свјата фигура пак во истото интервју, таа има кажано:

-Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип. Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам.

Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, рекла Елена, а имао и прашање за омилен парфем на кое одговорила дека нема баш еден омилен, туку се всушност повеќе.

– Знам да менувам парфеми, Келвин Клајн One summer, Versace Woman, ама секогаш без разлика на сезоната јас сум вљубена во Omnia Crystalline Bvlgar“, има изјавено таа.

Елена на своето ново стори е супер дотерана вов краток фусран и високи чизми, а сликата е во предновогодишен дух. Сликана до елка со подароци, Елена напиша: Драг Дедо мраз, колку многу имам да ти кажам…

Previous articleСите го знаат татко и Гоце Арнаудов, но кога ќе ја видите мајка и, ќе ви стане јасно зошто Кристина е толку убава (ФОТО)
Next articleСите најдобри фолк пејачки на едно посебно место: Ова ги спои Сузана, Росана, Ленче, Татјана, Стојне, Милица, Кате…