Home Live Сите најдобри фолк пејачки на едно посебно место: Ова ги спои Сузана,...

Сите најдобри фолк пејачки на едно посебно место: Ова ги спои Сузана, Росана, Ленче, Татјана, Стојне, Милица, Кате…

Повеќе од девет години, Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ истакна дека е многу среќна со нив, бидејќи и сите утра и започнуваат со нејзините колеги од Ансамблот.

Легендарната пејачка на народни песни, Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ открива дека во ТАНЕЦ е повеќе од девет години, но како надворешен член со нив соработува долги години.

-Како надворешен член со ТАНЕЦ соработувам многу години, меѓутоа официјално како солист првенец сум веќе девет години, скоро десет.

Како надворешен соработник јас доста патував со Танец, така да ако ги броиме сите тие години тоа се навистина доста години.

Многу сум среќна кога сум со нив, бидејќи и самото утро ми почнува прекрасно со музика, со колегите ќе се напиеме едно утринско кафе и ни почнува со песна, со музика и игра.

Некогаш ни недостасува кога имаме неколку слободни денови и првиот ден кога ќе отидеме на работа велиме лелее, чудно е без тие луѓе нели, се навикнуваш. Тоа е една таква екипа која што ја бива и за пиење кафе, а и за песна и игра.-раскажува Спасовска, за гледачите на ИН ТВ.

– И во приватниот живот, и во музичкиот живот, и во „Танец“, се чувствувам убаво во музиката. Луѓето се прекрасни, се почитуваме сите еден со друг, ние функциониране како едно.

И така треба да функционираме, бидејќи сме ансамбл којшто ја претставува македонската музика, македонската игра и песна насекаде низ светот, и можам да кажам слободно дека „Танец“ е нашиот најголем амбасадор низ светот.

Сè си тече прекрасно, како на работа, со колеги. Можеш да се напиеш кафе, да дискутираш, најмноу се зборува за музиката. Мене уторо ми почнува со музика, и едноставно животот ми е музика.

Со колегите се гледаме како пријатели, совен што сме колеги.

Прекрасно ми е навистина, не можам да се пожалам“, изјави Сузана во едно интервју за Женски магазин, а потоа раскажа за мајка си, која е важна фигура во нејзииот живот:

– Мајка ми е врна шнајдерка, таа отсекогаш ми била важна фигура, уште од малечка.Најмногу посетувам на мајка ми, иако имаме влијание од другиот родител, меѓутоа сите коишто ја виделе мојата мајка, веднаш знаеле дека ми е мајка.

Ние и си личиме, во карактерот потсетуваме една на друга, така сме брзи и аналитични во работите.

Секогаш ми била поткрепа, општо, моите родители ми биле поткрепа, но не можеле премногу даме крепат во градњето на кариерата, затоа што тие имале своја работа и не биле во музичкиот свет за да можат да ме поткрепат, но во се друго во живото, ме крепеле најмногу што можеле, и затоа сум им благодарна.

Татко ми за жал веќе не е меѓу нас. Посебно во времето кога јас одев многу на турнеи, во тоа време се патуваше многу, немав толку време за да се посветам на Теона, туку тука беа мајка ми татко ми, кога јас требаше да бидам на некоја турнеја или настап, тие беа со неа.

И таа си уживаше, и баба и дедо беа среќни, а и ќерка ми си беше среќна со баба и со дедо. Но, исто така со секој слободен момент бев со Теона, да ја воспитам како што треба, за да ѝ бидам и на неа една поткрепа, една потпора, и еден правец да ѝ дадам во животот.

И му благодарам на Бога, сега сум среќна и можам да кажам дека иако самохрана мајка, сум ѝ дала еден правец во животот, да знае што треба, што не треба, и да биде воспитана како што треба“, рекла Сузана за мајка си.

Сузе Спасовска објавила слики со своите колешки, а нив нив- која од која поубава. Па така, може да се види дека нашите фплк пејачки кои со години наназад ја развеселуваат публиката го здружиле силите.

Росана Сариќ- Тодоровска која не беше многу активна, сега пак запеала, и тоа е за секој поздрав, потоа Милица Кузмановска, Катерина Танева или Кате од Нели ти реков…

На сликите е и Татијана Стефановска, Ленче Кукиќ, Стојне Николова, Виолета Томовска, Сузана Гавазова, а се гледа и Горан Кукиќ и многу други. Сузе всушност со своите колешки била на едно снимање, а шернала и слики од неа, колку добто изгледала.

Причината што сите овие наши фолк ѕвезди се споиле е снимање на новогодишна програма, а Сузана тоа детално го објаснила во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук:

Избор на фотографии од снимањето на новогодишната емисија на МТВ и новогодишната Џубокс, со драги колеги на преубавата сцена и позади сцена.

Благодарам за соработката и прекрасните креации на модната куќа Elena Luka и нејзиниот тим, на Маја, Ивана и мојот драг пријател Aleksandar Preffo Raskovic“.

Previous articleЕлена од Сител облече краток фустан, ги стави рацете на половина и раскажа за своите скриени желби: Драг Дедо мраз… (ФОТО)
Next articleКате и Трајче од Соната се сликаа со оваа ѕвезда- Кате блесна во преубав фустан, Трајче е горд на неа (ФОТО)