Home Live Ги здружија силите Кате од „Нели ти реков“ и Мишко Крстевски, а...

Ги здружија силите Кате од „Нели ти реков“ и Мишко Крстевски, а од ова ќе се офајди и Анета Наковска

Има доста добри и познати пејачи на нашата фолк естрада, кои со години наназад се почитувани кај својата публика и кај своите колеги од естрадата. А таа е една од нив, со децении.

Кате Танева, “Нели ти реков” е присутна на нашата музичка сцена повеќе од дваесет години. Испеа многу хитови, меѓу кои најпознат е “Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во Република Македонија, од кои највпечатливи се настапите на Валандово.

Денес Кате е сопруга и мајка. Таа со семејството живее во Скопската населба Припор, а неодамна, беше посетена од екипата на Канал 5, за чија утринска емисија готвеше прекрасен специјалитет.

Кате, освен пејачките способности, покажа дека одлично се снаоѓа и во кујната.

Во разговорот, Кате беше запрашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар. Еве го одговорот на Кате:

-Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.

Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи.

Мораме да забележиме, Кате како да не старее, таа денес изгледа многу подобро од порано“, објави Поглед.мк во една прилика.

Кате во емисијата „Магазин“ на Сител рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство, и дека од родителите ја наследила музикалноста.

-Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти, и многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.

Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

-Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани. Меѓутоа, тука беше мојот татко.

Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми.

Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе. Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.

Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе. Ти биди си таква каква што сум те воспитал.

Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата. Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите: Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци.

Сега, дошло време секој да замине на своја страна, па Кате се раздели од групата Нели ти реков, а кризата која ја предизвика пандемијата е главен „виновник“ за тоа.

Таа во една прилика за Фокус изјави дека по 30 години, секој ќе тргне на своја страна, но ќе продолжат да се почитуваат и да се дружат како колеги и пријатели.

Кате негува добри односи со своите колеги од естрада, и тоа е едно од нештата по кои е всушност позната, а еден од колегите е и Мишко Крстевски, па така овие двајца пејачи решија да ги здружат силите.

Кате и Мишко, заедно ќе настапат за дочекот на Новата година, и тоа во ресторан Деспина, во Охрид, тпест во Охридското село Велгошти заедно со уште неколку колеги, као што е објавено на Фејсбук профилот на Мишко Крстевски.

А всушност од ова ќе се офајди и Анета Наковска, затоа што токму тој рестоан е семеен, тоест е во сопственост на нејзиниот сопруг.

Иако Наковска во последно време е во Америка, и ужиува во топлите краишта на Флорида, таа сепак се грижи за својот ресторан и за настапите на колегите.

Previous articleГо гушна и заиграа танго среде ова необично место, еден танц кој ѝ донесе посебна насмевка на Адријана Алачки
Next articleШто е ново кај Врчак- „Бекстејџ“ го имаат одговорот, ќе се откријат ли конечно неговите тајни?