Home Live Го гушна и заиграа танго среде ова необично место, еден танц кој...

Го гушна и заиграа танго среде ова необично место, еден танц кој ѝ донесе посебна насмевка на Адријана Алачки

„Гастромак“ е национална асоцијација на готвачи на Македонија основана во јануари 2016 година, изјави во една прилика Адрријана Алачки, а таа е претседател на ова здружение и организираат гастрономски посети и натпревари насекаде низ светот.

Готвењето вели, од секогаш било нејзина пасија. Во проектот на Тв „Алфа“ со кој сними доста емисии, зготви стотици македонски традиционални рецепти, а нејзин заштитен знак стана она: мх, мх, мх, откако ќе го проба зготвеното јадење.

Алачки е горда мајка на Грациела и на Благоја и баба на Јана. Освен што е претседател на националната асоцијација на готвачи на Македонија „Гастромак“, таа е и автор на книгата „Македонски традиционален готвач“, за кој вели дека и е во план да издаде и второ издание.

-Секој натпревар има свои правила, пропозиции и програма. Гастромак строго се придржува на правилата и категориите на натпреварот. Нашите шефови имаат долготрајни подготовки, и многу често се придржуваат на идејата да ги користат македонските производи, македонски специјалитети, но во модерен дизајн.

Токму и на еден натпревар во Струмица, светските судии го препорачуваа тој момент, примената на традиционалната кујна во натпреварот, но со модерен дизајн. Велат: „вие најдобро ја познавате вашата кујна и тоа треба да го негувате“.

Нема никогаш да ја заборавам изјавата на Ведат Башаран, личен готвач на Бил Клинтон, кој беше гостин на Гастромак и изјави: Не можете да подготвувате школки и ракови како тие готвачи кои се родени на море или на океан.

Тоа се учи во текот на работата како готвач и мора се да знаете, но кога ќе одите на натпревари покажете му на светот тоа што е ваше, лично, ваш идентитет, македонско но спакувано во модерен дизајн, задржувајќи го вкусот.

Нашите готвачи се подготвени на сѐ, и интернационална кујна и секако македонска.

Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија.

Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал. Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети.

Вкусот на традицијата“ од самиот почеток е поврзана со „Алфа телевизија“, веќе наполни 12 години. Снимени се многу емисии како рецепти на денот.

А, исто така и истражување на кујната на другите народи и презентација на македонската кујна во Тајван, Австралија, Бразил, Америка, Турција, Словенија, Италија и Франција и Обединетите Арапски Емирати.

Тремата беше присутна само како доза на одговорност, но благодарение на долгогодишното искуство пред камерите, мојот режисер Христијан Јорданов – Кизо немаше никаков проблем во текот на првата емисија која беше вовед во проектот.

Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.

Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната“, кажа Адријана во едно интервју за Женски магазин.

Чувството кога со сите сили и љубов ќе успеете да ја вратите традиционалната кујна назад на трпезата, кога постоеше можност да се изгуби поради начинот на современиот живот.

И тогаш, душата ви е полна што емисијата и готвачот имаат едукативен карактер“, дофдаде нашата позната пејачка која инаку по професија е стоматолог, но пготвењето сега е нејзин главен заштитен знак.

Адријана на Фејсбук честообјваува слики од местото каде што ги снима своите емисии- Вкусот на традицијата, а тое е Етно село Тимчевски во кумановски. А сега, токму од таму е објавена една послебна слика, од еден танц кој на Адријана и донесе широка насмевка на лицето.

– Празници се ближат, вака е во Етно Село Тимчевски …и кога се има малку време .. еден танц со шефот на кујната Гоце… И се готви, се пее и се игра, сите заедно!“, напишалаа та на Фејсбук и загурака танго на необично месѕо- среде кујна.

Previous articleЛила си ја отвори душата: Самиот плачеш во 4 ѕида, својата тага ја живееш сам
Next articleГи здружија силите Кате од „Нели ти реков“ и Мишко Крстевски, а од ова ќе се офајди и Анета Наковска