Home Live Кате и Трајче од Соната се сликаа со оваа ѕвезда- Кате блесна...

Кате и Трајче од Соната се сликаа со оваа ѕвезда- Кате блесна во преубав фустан, Трајче е горд на неа (ФОТО)

Во една прилика, фолк-пејачите Кате и Трајче од групата Соната, покажаа дека особено им недостасува нивниот колега и пријател Зоран Џорлев, со кого имаат настапувано во емисијата „Запеј ја онаа нашата“ која се смитуваше на ТВ Алфа. И не само таму.

Со маестро Џорлев, кој не напушти на 1 јануари минатата година, Трајче, Кате и целата група имаат многу музички дружби, настапи и дружби вон свената. За тоа покажуваат спомените на нивниот кои им ја топлат душата.

Според сликите што често ги споделуваат, се гледа дека музичарите жалат по тие спомени, но и со гордост ги паметат.

Во 2019 година, сите медиуми пишуваа за интересната љубовна приказна за Кате и Трајче од велешката група „Соната“.

Тоа е групата која пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират „Соната“, требаше да ги резервираш многу однапред.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари.

Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска. Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.

Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи. Нешто повеќе од еден мсец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката. Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката ќе се вика Ана, а радосната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

Кате и Трајче се сликаа со наша голема музичка ѕвезда, а тоа е Сузана Спасовска, на снимање на новогодишна емисија во Македонската радио телевизија. На оваа слика и Сузе и Кате блескаат, облечени во преубави фустани.

Трајче кој всушност го прави селфито е секогаш горд на својата сопруга, и колешка од групата и на нејзиниот изглед и глас, а му годи и друштвото на Сузана која е насмеана на оваа слика.

Previous articleСите најдобри фолк пејачки на едно посебно место: Ова ги спои Сузана, Росана, Ленче, Татјана, Стојне, Милица, Кате…
Next articleНе се прибра дома- само што се врати од Австралија, Дамјан Стојаноски пак ќе летне од Македонија, и тоа пак во далечна земја