Home Live Лила си ја отвори душата: Самиот плачеш во 4 ѕида, својата тага...

Лила си ја отвори душата: Самиот плачеш во 4 ѕида, својата тага ја живееш сам

Лила Филиповска важи за едно од најпознатите ТВ лица во нашата држава. Поради нејзиното долгогодишно искуство на малите екрани, потоа поради нејзината постојана актуелност, како и поради желбата на јавноста да дознае уште нешто за неа и нејзиниот приватен живот, медиумите постојано ја имаат како главна тема.

Сево ова е причина плус за јавноста да е сѐ повеќе убедена дека знае за неа сѐ. Но, тоа е далеку од вистината.

Има многу работи, за кои Лила досега не зборувала, а февруари – месецот на љубовта е доволна инспирација за тоа. Па така, водителката се одлучи да открие интересни детали од својот живот, за кои веруваме дека многумина од вас досега не ги слушнат“, напиша во една прилика Женски магазин.

-Завршив во средното медицинско училиште „Д-р. Панче Караѓозов“, со желба да бидам докторка. Ама, Бог имал друг план за мене очигледно. Потоа запишав Филолошки факултет на УКИМ, а во меѓувреме работев како медицинска сестра.

Моите телевизиските почетоци беа во МТВ, но мојот посериозен телевизиски ангажман започна на Сител со квизот Енигма и сѐ друго понатаму е историја!“ рекла Лила и потоа додала за она кој и бил најтежок животен период:

-Периодот кога го изгубив човекот кој ми беше најголема поддршка во животот – мојот татко! И ништо не се споредува со тој губиток, иако знам дека сега тој е мојот ангел чувар“.

Како што кажав и предходно, тоа беше мојот татко (мојата поддршка), но сега тоа е син ми Филип, како и неколку блиски драги луѓе.

Не се многу, но се вистински пријатели на кои можам секогаш да се потпрам и се до мене кога ми се најпотребни!

Српскиот портал„ Редпортал.рс“ и направи интервју на наша Лила во кое таа зборуваше за доста детали од својот професионален и приватен живот. Па оние оттаму што не многу знаеја за неа, имаа прилика да ја запознаат подобро.

Прашањата на тема љубов секако не беа заобиколени, а по таа точка Лила како и секој нормален човек вели дека сака да е сакана.

-Петок е ден кога голем дел од луѓето чувствуваат олеснување бидејќи завршува уште една работна недела и доаѓа викенд, вели Лила не случајно зборуваќи за петок бидејќи вели дека за неа љубовта е како „грав во петок“, а кој не сака грав?

Откри и дека омилена песна и е од Јелена Карлеуша „Цел живот ќе бидам твоја тра ума“. На прашањето дали мисли дека лагите се корисни за да не повредиме некого, Лила вели:

-Тоа се таканаречени „бели лаги“. Само ако е навистина неопходно и немаш друг излез. Користам и јас понекогаш, но да не заборавиме дека ако лажеме мораме да имаме одлична меморија, изјавува Лила, а ова го птренесе Вистина.мк

За Лила изминативе месеци доста се пишуваше, за нејзините проблеми со здравјето, откако нејзиниот пријател Зоран Фаци Василевски, нашиот познат новинар ги искритикува јавно сите оние кои коментирале за тоа зошто Лила носи перика.

Лила силно се исправи и пред овој предизвик, и во неколку наврати кажадека имала тешка година, дека доста се борела, и сфатила дека здравјето и љубовта од најблиските сепак е најважна.

Ова го сподели нашата позната водителка и инфлуенсерка кога славеше роденден, во месец октомври, кога наполни 51 година, и тогаш на Инста напиша дека таа ноќ го слави животот.

Потоа, во некои Тв изјави кажа слични нешта, а исто така се пишуваше дека кога примила награда од естрадниот магазин „Бекстејџ“ кажала дека таа е голем борец и наградата им ја посветила на сите борци.

Многу наши познати личност всушност своите чувства ги изразуваат преку некои цитати и мудри мисли, и не само познатите, па така Лила се она што и се случувало, го опиша во две реченици, во овој цитат кој го сподели:

-Ќе пораснеш кога ќе сфатиш дека колку и пријатели да имаш, својата тага ја живееш сам.

Самиот паѓаш и стануваш, самиот плачеш во своите четири ѕида, и самиот се носиш со мислите кои не ти даваат да спиеш“, е цитатот кој го сподели Лила.

Previous articleОва е братот на Марјaн Коцев, Коки- еве како двајцата си уживаа на раат и што посака Марјан од него
Next articleГо гушна и заиграа танго среде ова необично место, еден танц кој ѝ донесе посебна насмевка на Адријана Алачки