Home Live Не се прибра дома- само што се врати од Австралија, Дамјан Стојаноски...

Не се прибра дома- само што се врати од Австралија, Дамјан Стојаноски пак ќе летне од Македонија, и тоа пак во далечна земја

Растеше со народната музика и природно ја чувствува и ја интерпретира. Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот Војо Стојаноски, направи сериозен пробив на домашната фолк-сцена.

Тој ја сними својата прва песна на 17 години и заеднички ја отпеа со Војо на фестивалот ,,Гоце Фест’’. Од пред три години активно се занимава со музика, има редовни настапи, снима песни и спотови.

,,Продолжувам во духот на македонската народна песна и ќе го негувам тој мелос. Знам дека татко ми би бил горд на мене и тоа ми е дополнителен мотив да се посветам со уште поголема страст на музиката’’- раскажа за ,,Фокус“, во една прилика.

За неговиот татко кој се упокои на 6 мај 2014 година, на само 20 дена пред неговата матура, за „Женски Магазин“ зборуваше во суперлативи.

– Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар.

Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележително, па планирам да ги оживеам – откри тој.

Војо Стојаноски остави голема трага во македонската народна музика. Дамјан вели дека бил одличен родител.

-Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Мислеше дека ќе може да даде уште многу во музиката и планираше солистички концерт. За жал, не успеа да ги реализира тие идеи – ни раскажа пејачот.

Дамјан студираше на Факултетот за музичка уметност во класата на Горан Начевски на отсек-соло пеење.

Вели дека воопшто немал дилема која професија да ја одбере бидејќи отсекогаш ја сакал музиката. Фолк-ѕвездите го знаат од дете, но сега го прифаќаат како нивен колега.

Војо Стојаноски остави голема трага во македонската народна музика. Дамјан вели дека бил одличен родител.

„Имам среќа што јас можам да живеам од музика и на сите мои колеги би им порачал да не се откажуваат ниту во ова време“, порача Дамјан во едно гостување во емисијата Магазин.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.

Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци, а неодамна беа на една таква турбнеја со Влатко и Златко.

-Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач. Тој многу сака да го поминува времето во неговото село, Букојчани, Кичевско.

Објасни дека младите од негвоиот крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него. Исто така, во родниот крај, многу го релаксираат прошетките во природа.

Дамјан само што се врати од турнеја низ Австралија, и уште што се вели ни куферите не ги распакува, а сега објави дека пак ќе биде отстутен од дома, тоест и Нова и година, а и Божиќ ќе ги помине работно, и тоа во Америка.

-Драги пријатели: После успешната турнеја во Австралија, чест и задоволство ми е да ја најавам мојата турнеја во САД. Еве каде и кога ќе можеме да се дружиме со нашинците во Америкa:

-23.12- Columbus,Ohio, 24.12-Lorain,Ohio, 25.12-Chicago,Ilinois, 30.12-Crown Point,Indianapolis, 31.12-Дочек на Нова Година, Detroit,Michigan, 07.01-Cedar Grove,New Yersey, Божиќ. Црква Св.Кирил и Методиј

13.01-Дочек на Стара Нова Година, Detroit, Michigan, 14.01-Rochester,New York, 19.01-New Yersey, Манастир Св.Ѓорѓи, 21.01-Clear Water,Florida Црква Св.Јован, 22.01-West Palm Beach,Florida“ објави Дамјан на Фејсбук.

Previous articleКате и Трајче од Соната се сликаа со оваа ѕвезда- Кате блесна во преубав фустан, Трајче е горд на неа (ФОТО)
Next articleКарлеуша ја објави последната порака која Милан и ја пуштил пред да се упокои (ФОТО)